Финскиот министер за одбрана Каиконен зеде двомесечно породилно отсуство


Финскиот министер за одбрана Анти Каиконен заминува на двомесечно породилно отсуство за да биде со својот шестмесечен син, а за привремен министер утре ќе биде именуван Мико Савола, објави финската Влада. Каиконен, исто така, зеде двомесечно породилно отсуство во 2020 година по раѓањето на неговиот постар син, со што стана првиот машки министер што заминал на породилно […]

Ле Мер: Енергетските компании да направат повеќе за да им помогнат на пекарите


Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер денеска изјави дека енергетските компании не прават доволно за да им помогнат на пекарите во земјата да се справат со зголемените сметки за струја.   Ле Мер, кој подоцна во текот на денот ќе се сретне со претставници на енергетските компании во земјата за да разговараат за ова […]

Мицкоски вели дека власта ја направи ЕСМ загубар, од таму прашуваат дали би ги укинал субвенциите за граѓаните и фирмите


  Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска обвини дека државната АД ЕСМ од профитабилна компанија станала загубар поради погубните политики на СДСМ, а од енергетската компанија возвратија дека ги субвенционираат сметките на граѓаните за електрична енергија и прашуваат дали партијата на Мицкоски ќе ги остави граѓаните и фирмите да ја плаќаат струјата по пазарни […]

Порастот на бројот на ковид случаи во Кина нема да влијае на Европа


Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) соопшти дека порастот на бројот на случаи на коронавирус во Кина не се очекува да има влијание врз епидемиолошката ситуација во Европа. – Варијантите што циркулираат во Кина веќе циркулираат во ЕУ и како такви не претставуваат предизвик за имунолошкиот одговор на граѓаните на Европската унија […]

Воздухот во Босна и Херцеговина и Црна Гора и денес е многу загаден


Сараево и денес е најзагаден град во ФБиХ со индекс на квалитет на воздухот 229 и е окарактеризиран како многу нездрав, покажуваат податоците на порталот „Зрак екоакција“. Според истите податоци, утринава нездрав е воздухот и во Зеница, со индекс на квалитет 166, во Високо 161 и во Какањ 160, додека во Тузла воздухот е нездрав […]

Ковачевски очекува оваа година да биде подобра за Македонија


Премиерите на Северна Македонија, Србија и Црна Гора, Димитар Ковачевски, Ана Брнабиќ и Дритан Абазовиќ на прашање на Танјуг како го гледаат регионот во 2023 година, изразија очекување дека тој ќе продолжи да покажува единство и солидарност, како и дека ќе се случат важни чекори кои ќе значат целосно нов почеток за Западен Балкан којшто, […]

„Етихад“ и „Емирејтс“ најбезбедни авиопревозници во 2022 година


 Авиокомпаниите „Етихад“ и „Емирејтс“ се на самиот врв на глобалното рангирање на најбезбедни авиокомпании во 2022 година, според анализата на агенцијата за анализи на воздушни несреќи со седиште во Хамбург (JACDEC). Водечката германска авиокомпанија „Луфтханза“ се најде на 14-то место по безбедност на глобалното рангирање на 25 најголеми компании. Меѓународниот воздушен сообраќај беше главно безбеден […]

Дефицитот понизок за 117,6 милиони евра во однос на планот, реализација на капиталните инвестиции од 88 отсто во 2022


  Во 2022 година вкупните приходи се реализираа со високи 99 отсто од проекцијата, додека расходите се нешто пониски од очекуваното. Буџетскиот дефицит е понизок за 117,6 милиони евра во однос на проектираното, или во споредба со претходната, 2021 година, за 8,7 отсто, со што е на зацртаната патека на фискална консолидација, соопштија од Министерството […]

Урсула во борба со големиот лош волк


Урсула фон дер Лајен не танцува со волци. Посебно кога одат по некој нејзин. Приказната за претседателката на Европската комисија и големиот лош волк започна неколку дена пред полна месечина во топла ноќ во покраината богата со коњи, во руралната Долна Саксонија. Нешто по полноќ на 1 септември, сив волк упаднал во шумското село Бургдорф-Бајнхорн во […]

Американската полиција на готовс пред годишнината од упадот во Капитол


 Американската полиција денеска соопшти дека е во состојба на готовност поради евентуални напади на Капитол. Соопштението е објавено во пресрет на втората годишнина од насилниот упад во американскиот Конгрес и по распуштањето на комисијата што го истражуваше.   – Сегашната клима за закана, особено против избраните функционери, ќе бара континуирана и зголемена будност. При состојба […]

Битола како поларно езеро од магла


  БИТОЛА – Битола е заробена во магла веќе неколку дена, а битолчани спасот го наоѓаат на Пелистер каде блеска од сонце. Општина Битола денеска излегува со препораки за граѓаните, а попладнево е закажан и состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување. Со температури под нулата и оваа зима Битола не е поштедена од […]

Државјанин на Србија настрада на планинарење во Бугарија


Радиотелевизија Србиаја (РТС) јави дека српски државјанин Д.Г. настрадал за време на планинарење во Бугаријa. РТС повикувајќи се на бугарските медиуми објави дека по повеќедневна потрага, при што е користен и дрон, пронајдени се телата на Д.Г. и на еден бугарски државјанин на Вихрен, највисокиот врв на планината Пирин. Телата ги пронашле планинските спасувачи од […]

Ни Берово нема чист воздух – ИЈЗ со порака до граѓаните да останат дома


Институтот за јавно здравје им препорачува на граѓаните на Берово, Гостивар и на Тетово дека воздухот таму е екстремно лош поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Како многу лош се класифицира воздухот во Струмица, Битола 2, Кичево поради зголемените концентрации на ПM 10-честички, а во Ѓорче Петров поради зголемени концентрации на ПM 2,5-честички. Во Скопје […]

Уште 65 училишта се пријавиле за субвенционирана струја, вкупно 374


  Од 1 јануари 2023г ЕСМ Продажба го зголеми бројот на субјекти за субвенционирано снабдување со електрична енергија по одлуката на Владата како антикризна мерка, кое почна во декември 2022г.  За снабдување по пониска цена од 1 јануари дополнително се вклучени 65 училишта (сега се вкупно 374), 57 фирми од прехранбената индустрија (сега се вкупно […]

Лоши вести за учесниците пред почетокот на Светското во ракомет


  Меѓународната ракометна организација ИХФ одлучи на претстојното Светско првенство да воведе строги ковид-протоколи. Како што се наведува, сите играчи и членови на стручните штабови на селекциите ќе мора да се тестираат пред почетокот на турнирот, на почетокот од втората фаза и пред четвртфиналето. Доколку некој биде позитивен ќе му биде одреден петдневен карантин, а […]

Во Битола почина Владимир Костов, почесен член на МАНУ


Во Битола почина Владимир Костов (1932 г.), професор и писател, почесен член на МАНУ и почесен доктор на науки на Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Костов работел како професор на Педагошката академија при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола од нејзиното основање па сè до своето пензионирање, бил еден од основачите како и главен уредник на списанието […]

Нејмар нема да присуствува на погребот на Пеле, јавноста бесна


  Ѕвездата на бразилската репрезентација и на француски ПСЖ, Нејмар, имаше посебна врска со Пеле, но нема да присуствува на неговиот пограб што ќе се одржи денеска, и затоа заработи мноштво критики во татковината. Додека некои медиуми тврдеа дека Нејмар ќе биде присутен во Бразил на погребот на пеле, ѕвездата на ПСЖ во понеделникот се […]

САД му го врати на Египет украдениот „зелен саркофаг“ 


Египет – Еден од најголемите досега откриени дрвени фараонски саркофази, прошверцуван од Египет и до неодамна изложен во американски музеј, е вратен во Каиро, објави египетскиот министер за надворешни работи Самех Чоукри. Артефактот, познат и како „зелен саркофаг“, бил направен за погреб на високи достоинственици, изјави Мостафа Вазири, директор на Врховниот совет за антиквитети. Чукри […]

Објавени прекрасни снимки од Земјата и Месечината, испратени од првата јужнокорејска сонда


  Јужнокорејската прва лунарна сонда „Данури“ испрати фасцинантни црно-бели фотографии од површината на Месечината и Земјата, објави денеска Јужнокорејскиот вселенски центар. Сондата „Данури“ беше лансирана во август од САД со ракета „Спејс Икс“, а во декември беше поставена во орбитата на Месечината по летот што траеше подолго за да заштеди гориво. Фотографиите се направени од […]

ЕУ ќе ѝ помогне на Кина да ја спречи епидемијата на Ковид


Белгија– ЕУ денеска ја потврди својата подготвеност да и помогне на Кина во справувањето со епидемијата на Ковид, вклучително и со обезбедување вакцини. „Подготвени сме да помогнеме со се што е потребно“, рече портпаролот на Европската комисија на прес-конференција одговарајќи на новинарски прашања. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен уште во април минатата година изрази […]