Привилегираните производители на струја во Црна Гора минатата година добиле субвенции од 5,46 милиони евра


  Привилегираните производители на електрична енергија во Црна Гора минатата година оствариле приходи во износ од 42,43 милиони евра, вклучувајќи ги и субвенциите од 5,46 милиони евра што компаниите ги добиле за струјата произведена од обновливи извори. Останатите 37,11 милиони евра се приходите остварени од продадената струја по пазарна цена. Според податоците на Црногорскиот оператор […]

Во Ватикан денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти


  Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск. Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија […]

Гоцевски: Сите сили да се насочат кон стабилизација на државата


  Несомнено е дека геполитичките односи и безбедносните предизвици и ризици имаа пресудна улога врз состојбите и процесите кои се одвиваа во Северна Македонија минатата година. Никој не може да ги отстрани, ниту најмоќните земји од ЕУ, ниту пак државите од регионот поединечно. Умешноста е ние да не одиме контра нив и да се прилагодиме […]

Зеленски: Не гледам причина зошто западните земји не би ни испорачувале тенкови


  Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не гледа причина зошто западните партнери не би требало да испорачуваат тенкови на Украина. – Ќе добиеме повеќе оклопни возила, вклучително и лесни тенкови од француско производство. Ова испраќа јасен сигнал до сите наши партнери: не постои рационална причина зошто западните тенкови се уште не се испорачани на […]

Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници


  Американскиот гигант за онлајн трговија Амазон планира да отпушти повеќе од 18.000 работници, потврди извршниот директор Енди Џеси. Откако веста за отпуштањата протече во јавноста, Џеси ги потврди шпекулациите во објава на веб-страницата на Амазон, велејќи дека разговорите со погодените работници ќе започнат на 18 јануари и дека ќе им бидат понудени отпремнини, како […]

Силно невреме ја зафати Калифорнија


Силно невреме уште наречено циклонска бомба донесе обилни дождови и силни ветрови во американската сојузна држава Калифорнија. Десетици илјади домаќинства останаа без струја, а патиштата се затворени, пренесоа светските агенции. Најпогодени се областите во Северна Калифорнија, околу Сан Франциско и Сакраменто. Тамошните власти ги предупредија луѓето на ризик од поплави и лизгање на земјиште, стравувавајќи дека […]

Ниту по шестиот круг гласање не е избран претседател на американскиот Претставнички дом


  Американските републиканци не успеаја втор ден по ред да го изберат својот лидер Кевин Мекарти за претседател на Претставничкиот дом или да смислат нова стратегија за ставање крај на политичкиот хаос што го наруши почетокот на новата седница на институцијата во која тие имаат мнозинство по среднорочните избори во ноември минатата година. Ниту во […]

Сообраќајот по наместа влажни коловози, магла во Ресен и на Ѓавато


  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла 50 метри има во Ресен и на планинскиот превој Ѓавато, информираат изутринава од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и […]

В понеделник во Собранието координација и презентација на Шведското претседателство со ЕУ


  Деветти јануари е првиот работен ден за пратениците во Собранието. Започнува со редовната средба на првите луѓе на пратеничките групи со претседателот на Собранието Талат Џафери. Од оваа кординација треба да произлезат и активностите за неделата што доаѓа. Засега за понеделник се закажани седници на Националниот совет за евроинтеграции и на Комисијата за одбрана […]

Делегација на МПЦ-ОА ќе присуствува на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти


Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА денеска ќе присуствува на погребот на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Папата Бенедикт Шеснаесетти почина […]

Како до стан: Недвижностите поскапи за 20 отсто, кредитите со повисоки камати


  Кај цените на становите кои лани на квартално ниво достигнаа зголемување од 21 процент, годинава, според дел од бизнис заедницата, може да се очекува стабилизација,  но со најмалку 20 проценти повисока цена од пред кризата, а дел смета оти  ќе продолжи покачувањето на трошоците во целиот процес на градба, што ќе значи поскапување на градежните […]

Сончево и ветровито, во Скопје магловито


  Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се […]

Хорор во Србија: Кучиња до смрт искасаа познат аналитичар и новинар


Аналитичарот Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасаа кучиња во Велика Иванча, јавија српските медиуми. Според полицијата, тој се шетал во месноста Велика Иванча, кога околу 12:15 часот бил нападнат од три кучиња. Од МВР додаваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал на на самото место, и дека неговото тело е однесено на […]

СЗО: Нема нови мутации на коронавирусот во Кина


  Ниту една нова варијанта на коронавирусот досега не е пронајдена во Кина, според податоците објавени од Светската здравствена организација (СЗО) во средата, со што се намалуваат некои од грижите за инфекцијата што брзо се шири во Кина откако Пекинг стави крај на „нулта ковид“ пристапот кон пандемијата. Мнозинството жители на Кина, 97,5 отсто од […]

Иран лут поради карикатурите на ајатолахот Али Хамнеи во „Шарли ебдо“


  Иран денеска најави дека ќе реагира до француските власти поради објавување на „навредливи“ карикатури на иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, објавени во сатиричното списание „Шарли ебдо“ (Charlie Hebdo). Францускиот неделник денеска објави неколку десетина карикатури на ајатолахот Хамнеи. Објавените карикатури беа избрани на конкурс во декември, за време на протестите во Иран. Навредливиот […]

Наместо плацот да го заградат, полесно им беше да го блокираат Кејот во Аеродром


Денеска жителите на Аеродром ги дочека несекојдневна глетка на кејот на реката Вардар. На едно место на горната пешачка патека поставена е железна ограда која го спречува натамошното движење. Оградата е поставена на локација каде пред неколку недели Центарот за управување со кризи предупреди дека веднаш до патеката постои провалија која е ископана и необезбедена. […]

Владата три месеци чека одговор од Данела Арсовска за Универзална сала


  Баравме привремено преземање на ингеренциите во однос на изградбата на Универзална сала, но мора да се запази процедурата. Чекаме од Град Скопје да ни даде увид во состојбата, ама веќе три месеци немаме никаков одговор, истакна вечерва министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Министерката во вечерното гостување на телевизија Сител појасни дека градоначалничката Данела Арсовска […]

Што значи за Америка изборот на спикер на Претставничкиот дом


  Историска драма се игра во Претставничкиот дом на САД додека се обидуваат да изберат спикер на Домот. Претставникот Кевин Мекарти, лидерот на републиканците во Домот, изгуби пет последователни гласови за претседател поради противењето на неговата партија. Спикерот на Домот е неизмерно моќна улога што овозможува речиси целосна контрола врз функциите на комората. Еве што […]

ВМРО-ДПМНЕ: Не сме добиле покана за разговори за уставни измени


  ВМРО-ДПМНЕ досега не добило покана за какви било разговори за уставните измени, но како што посочуваат за МИА, тие нема да одбијат средба, но ќе повторат дека нема да поддржат уставни измени. За МИА од ВМРО-ДПМНЕ велат дека не е проблем да учествуваат, но дека на таквите средби ќе биде повторено дека нема да […]

Вучиќ соопшти дека ова е неговиот последен мандат како претседател на Србија


  Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека ова е негов последен претседателски мандат. На почетокот на годишнoто обраќање, Вучиќ рече дека „нема да го менува Уставот“ за да остане подолго време претседател на Србија. „Ова е мојот последен мандат, нема да го менувам Уставот. Наскоро во првата половина на следната година повеќе нема да […]