Хорор во Србија: Кучиња до смрт искасаа познат аналитичар и новинар


Аналитичарот Владан Радосављевиќ (62) почина откако го искасаа кучиња во Велика Иванча, јавија српските медиуми.

Според полицијата, тој се шетал во месноста Велика Иванча, кога околу 12:15 часот бил нападнат од три кучиња. Од МВР додаваат дека мажот набрзо искрварил до смрт и починал на на самото место, и дека неговото тело е однесено на обдукција.

Радосављевиќ и неговата сопруга Олга (58) престојувале во викендица. Излегол на прошетка, а потоа го нападнале кучињата. Успеал да ѝ се јави на сопругата која се упатила кон него, но кога пристигнала го пронашла осакатеното тело на Радосављевиќ и три крвави кучиња.

Кучињата потоа ја нападнале и неа и ѝ нанеле сериозни повреди.

Во меѓувреме се појавил соседка и заклучила три од наводно пет кучиња во бокс.

– Човекот бил во седечка положба кога го пронашле. Ја повикал сопругата која дошла мислејќи дека е болен, но кога пристигнала веќе било доцна – раскажуваат соседите.

Според информациите кои вечерва ги пренесуваат медиумите во Србија, трите кучиња кои го искасале човекот кој подоцна почина се кучиња со јасни докази за сопственост, според изјава за Танјуг од Ветеринарија Белград.

Трите кучиња носеле ремчиња со ознаки на кои биле испишани телефонските броеви на нивните сопственици.

Како што рекоа за Танјуг во Ветерина Белград, едно од кучињата е од расата Стафорд, едното е мешавина од Стафорд и питбул, а третото е мешавина од непознато потекло.

Сите три кучиња се во карантин на Ветеринарија Белград.

Инаку, медиумите во Србија наведуват дека починатиот Радосављевиќ беше новинар на поранешното Студио Б и директор на програмата НТВ Студио Б. Тој е еден од основачите на продукциската група Мрежа, а извесен период беше и директор на белградскиот медиумски центар.