Деспотовски: Годината ја почнуваме со нова инвестиција во ТИРЗ Штип


 Годинава ја почнуваме со нова инвестиција од Северна Америка, што ќе биде лоцирана во ТИРЗ Штип. Новата инвестиција ќе донесе близу 2 000 нови работни места, а почетокот на производството е планирано за крајот на 2023 година, вели во интервју за МИА директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Деспотовски најавува дека […]

Дали „најсаканата ќерка“ на Ким Јонг-ун ќе биде следниот водач на Северна Кореја?


  Нејзиното појавување во државните медиуми, како и на фотографиите објавени за Нова година, поттикна повеќе шпекулации за плановите за избор на наслиедник. Но, не е откриено многу за оваа млада девојка. За Нова година државните медиуми објавија недатирани фотографии од неа и Ким во посета на постројките за нуклеарни ракети. Нејзината возраст и името […]

Бајден потврди дека се размислува на Украина да се испратат борбени возила Бредли


САД– Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека се разгледува опцијата за испраќање оклопни борбени возила Бредли во Украина, дел од уште еден пакет помош во оружје што ќе биде објавен во наредните денови. „Да“, одговори Бајден на прашањето дали таа опција е „на маса“, пренесе Хина. Бредли е оклопно возило со моќно оружје, кое […]

Складиштата за гас во ЕУ исполнети до 84 проценти


Белгија – Европската комисија соопшти дека складиштата за природен гас во Унијата се исполнети околу 84 проценти, пренесува агенцијата Бета. Нивото на искористеност на заедничките складишта за природен гас во ЕУ во декември беше за 13 отсто повисоко од просекот за периодот 2016-2018 година, соопшти Европската комисија. Поради стравувања од недостиг во текот на зимата, 27-те […]

Шалтерите за наплата на ЈП Водовод и канализација-Скопје во петок ќе работат со редовно работно време


ЈП Водовод и канализација – Скопје, во пресрет на божиќните празници, ги информира корисниците дека на во петок на 6 јануари шалтерите за наплата во Дирекцијата на претпријатието и наплатниот пункт во Сарај, ќе работат со редовно работно време и тоа во дирекцијата од 07:30 до 19 часот, и во Сарај од 08:30 до 14:30 […]

Охрид годинава очекува дупло повеќе туристи со директните летови од Белград и од Измир


Со воведувањето директен лет Охрид-Белград на „Ер Србија“ 4 пати неделно од јуни, се очекува да се остварат дупло повеќе ноќевања на српските туристи чиј број лани беше зголемен за 40 проценти. Ќе има и чартер лет Охрид-Измир. Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот (АППТ) велат дека со новите авиолинии од охридскиот аеродром […]

Загриженост поради новата вирусна мутација на Омикрон во САД


Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах укажува на новата подваријанта на коронавирусот која во САД предизвикува зголемен број упати на пациенти во болниците. „Следиме дали и колку силно ќе настапи XBB.1.5 во Германија. Да се надеваме дека ќе ја поминеме зимата пред ваква варијанта да се прошири и кај нас,“ изјави Лаутербах. Подваријантата XBB.1.5 е многу полесно пренослива од […]

Објавена третата верзија на божикната песна „Вечниот Бог“


Во пресрет на Бадник и одржувањето на Бадниковите поворки, објавена е третата верзија и спотот на божикната песна „Вечниот Бог“. Официјалната промоција на песната и спотот ќе се одржи утре на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје, во рамки на малиот божиќен концерт што ќе и претходи на Бадниковата поворка. – Создадовме дело што треба да […]

Се жени идниот крал на Јордан- кралицата Ранија добива снашка-дизајнерка


Јордан- Кралскиот Хашемитски двор на новогодишната ноќ го објави датумот на венчавката на идниот крал на Јордан, Хусеин (28) и неговата свршеница Раџва Ал-Саиф. Двојката ќе се венча на 1 јуни 2023 година. „Кралскиот Хашемитски двор со задоволство објави дека венчавката на Неговото Кралско Височество престолонаследникот Ал Хусеин бин Абдула Втори и госпоѓицата Раџва Калид […]

Еко-активистите повикуваат да не се палат коледарски огнови поради загадувањето


Утре е Бадник, ден пред Божик, а  според традицијата, вечерва, се палат коледарски огнови во секое маало. Но, годинава поради енормното аерозагадување, еко-активистите повикаа да не се палат овие огнови со цел да не се зголеми и онака големото загадување во овој период од годината. -Најмалку што можеме да направиме за природата е да се […]

Осум лица, меѓу нив пет деца, пронајдени со прострелни рани во САД


САД- Осум лица, меѓу кои пет деца, сите членови на исто семејство, се пронајдени мртви со прострелни рани во дом во јужна Јута, соопштија локалните власти, без да наведат дополнителни детали или можен мотив за злосторството.   Жртвите биле пронајдени кога полицијата ја проверила куќата, се вели во изјавата на градските власти во Енох, град […]

СЗО: Во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19


 Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека, според податоците на Кинескиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), во Кина не се откриени нови варијанти на Ковид-19. ЦДЦ на Кина ги претстави податоците во вторникот на состанокот на Техничката советодавна група на СЗО за еволуцијата на вирусот. Беше посочено дека за време на состанокот кинеските […]

Повеќе од 1.200 нови случаи на Ковид-19 во Србија, седуммина починати


Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.235 нови случаи на Ковид-19 меѓу 11.115 тестирани, јави „Танјуг”. Седум лица починале како последица на инфекција со коронавирус. Во болниците низ Србија во моментов се лекуваат 252 пациенти, од кои 23 се на респиратор.

„Стелантис“ ќе произведува електрични летечки такси од 2024 година


 Меѓународниот конзорциум на производители на автомобили „Стелантис“ денеска на Саемот за електроника ЦЕС во Лас Вегас објави дека ќе произведува електрични летала развиени од американската компанија „Арчер“, наменети како летачко такси. „Стелантис“, чиишто водечки компании-членови се „Пежо“, „Ситроен“ и „Џип“, ќе му даде до 150 милиони долари на „Арчер“ за тн. авион со вертикално полетување […]

Потврдена суспензијата од три првенствени натпревари на Левандовски


 Шпанскиот спортски суд ја одби синоќа жалбата на Барселона и ја потврди суспензијата од три првенствени натпревари за полскиот напаѓач Роберт Левандовски. Најдобриот стрелец сезонава во Ла Лига беше казнет со забрана за настап на три натпревари поради црвениот картон на дуелот против Осасуна минатиот месец. Барселона, во меѓувреме, ја обжали суспензијата и додека жалбата […]

5 јануари во историјата – Роден е мостот Голден гејт во Сан Франциско


  На 5 јануари 1933 година, започнува изградбата на мостот Голден гејт, откако работниците почнале да ископуваат 3,25 милиони кубни метри нечистотија за огромните прицврстувачи на структурата. По бумот на Златната треска што започна во 1849 година, шпекулантите сфатија дека земјиштето северно од заливот Сан Франциско ќе се зголеми во вредност правопропорционално со неговата пристапност […]

ФЕД ги предупредува банките за ризиците од криптовалутите


  Американското финансиско регулаторно тело го издаде првото предупредување до банките поради ризиците поврзани со пазарот на криптовалути, објави денеска Би-Би-Си. Надзорните органи ги советуваат финансиските институции да бидат внимателни поради можни измами, правна несигурност и разни измами. Во заедничката изјава, Федералните резерви на САД (FED), Федералната корпорација за осигурување на депозити (FDIC) и Канцеларијата […]

По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба


 Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза. На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува. Американските визни и конзуларни […]

Маж во Загреб со секира нападнал жена и дете, девојчето починало


  Маж (41) доцна синоќа во Загреб, Хрватска, на улицата „Козара“, со секира нападнал жена на возраст од 41 година и дете од 1,5 години. Побегнал и се фрлил под автомобил. Од последиците здобиени од повредите девојчето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата каде на него налетало возило и го […]

Земјотрес во Хрватска кај Осиек


  Во околината на Бали Манастир во Хрватска, рано утрово, околу 5 часот, забележан е земјотрес со магнитуда од 3,5 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ. Наведено е дека епицентарот бил на длабочина од 10 км и неколку километри од Бели Манастир, а граѓаните јавуваат дека се почувствувал и во Осиек, пренесе Индекс.хр. Нема извештаи за […]