Договорена средба на АД ЕСМ и турски БОТАШ за снабдување со природен гас


  Во текот на јануари ќе биде одржана средба меѓу АД ЕСМ и турската државна компанија БОТАШ на која ќе стане збор за снабдувањето со природен гас, а ќе се разговара и за енергетските капацитети, можностите за снабдување со енергенти и другите опции за помош и поддршка од Турција во делот на енергетиката, соопштија од […]

Нови фасади и паркинзи на дел од Карпош


Општина Карпош ја стартуваше новата година со реализација на градежни зафати на територијата на урбаната заедница Кузман Јосифовски Питу. Решен е повеќе деценискиот проблем со канализационата инфраструктура на зградата број 47 на улицата „Јуриј Гагарин“. Градежните работи ќе продолжат на оваа локација. Планирано е подземна и надземна реконструкција на крак од улицата „Јуриј Гагарин“. – […]

Инвестициската програма на ЈП за државни патишта годинава изнесува 29,9 милијарди денари


  Јавното претпријатие за државни патишта во Програмата за 2023 година за инвестиции, отплата на кредити и трошоци проектира финансии во вкупен износ од 38,701 милијарда денари (629.284.552 евра), што треба да бидат покриени по основ на приходи и приливи од странски кредити, како и со средства од државниот Буџет. Вкупните приходи изнесуваат 11,193 милирди […]

Само Ристо Пенов не користи социјални мрежи во Владата


Од вкупно 120 пратеници 115 биле присутни на најмалку еден социјален медиум во 2022 година. Претседателот Стево Пендаровски во целост бил онлајн, додека Владата ја заврши минатата година со 20 од вкупно 21 министер кои биле онлајн на најмалку еден социјален медиум. Единствен министер кој не поседува ниедна социјална мрежа е министерот за локална самоуправа […]

„Анонимуси“ пак му се заканија на Вучиќ – почна „Операција Србија“


Хакерската група „Анонимуси“ повторно упатија закани за претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Анонимуси се огласија на Твитер и му порачаа на српскиот претседател Александар Вучиќ да престане со дестабилизација на регионот и со подрршката на Русија. Како што наведуваат, ја почнаа „операцијата Србија“, додавајќи дека неколку веб-страници на Владата на Србија се соборени претходните денови.

Без државна помош сметките за струја ќе беа повисоки за 73 отсто


Без средствата што се префрлаат на ЕСМ, сметките на граѓаните во изминатиот период од годината ќе беа повисоки за околу 73 отсто, како што е веќе прикажано и на самите сметки – вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Владата Деталните сметки за струја, на кои се прикажани примери за износот на државната субвенција, ги […]

Скопје и денес меѓу најзагадените во светот


Скопје и утринава повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот. На листата на светски најзагадени градови Скопје се наоѓа на десетото место со индекс на квалитет на воздухот од 165 а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи. Главниот град во Македонија вчеравечер се искачи на врвот како […]

Гвардиола: До крајот мораме да бидеме совршени ако ја сакаме титулата


 Тренерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, им порача на своите фудбалери дека во преостанатиот дел од сезоната мораат да бидат речиси совршени за да се вклучат во битката за титулата со Арсенал, пренесува Би-Би-Си.  Манчестер сити во моментов е второпласиран на табелата во Премиер лигата со осум бодови заостанување зад лидерот Арсенал.  „Начинот […]

Три билетарници на ЈСП дежурни за празниците


На 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а Жичарницата ќе работи од 10 до 17 часот. На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено пазарче и билетарницата во Ѓорче Петров.

„Мекдоналдс“ го напушта и Казахстан


„Мекдоналдс“ има намера да го напушти Казахстан по нарушувањата предизвикани по нападите на Украина. Причината е што оваа централноазиска држава остана без замена за руските залихи од месо, наведува „Блумберг“. Најголемиот светски синџир за брза храна ќе се повлече од земјата со 20 милиони жители која граничи со Русија по само шест години работа таму. […]

Празнична донација на ОКТА за ранливите групи граѓани


  Во пресрет на божикните празници, ОКТА обезбеди помош за ранливите категории сограѓани. Со средствата кои компанијата ги донираше на Црвениот крст на Град Скопје се обезбедени пакети со прехранбени продукти. Тимови на Црвениот крст ги дистрибуираа пакетите до социјално најранливи семејства во земјава на кои помошта им е најпотребна. „Како организација и како поединци […]

Пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан се одржува погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти


Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска […]

ЈСП ќе вози по неделен возен ред за божиќните празници


Од Јавното сообраќајно претпријатие  информираат дека на 6 и 7 јануари (Бадник и Божиќ) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а жичницата ќе работи од 10 до 17 часот. На 6, 7 и 8 јануари дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 6.30 до 13.30 часот ќе работат билетарниците на Транспортен центар, Зелено […]

И по дефектот во РЕК Битола произведени 17.904 мегават часови електрична енергија


АД ЕСМ вчера произведе 17.904 мегават часови електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, информираат од Владата. При тоа, како што нагласуваат, во термоелектраните се произведени 8.179, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 9.725 мегават часови електрична енергија. -Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба се набавени 1.000 […]

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб-страницата на МТСП


  Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека согласно Законот за финансиска подршка на ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, списоците на корисници на финансиска поддршка согласно овој закон се објавени на нивната веб-страница. Паричните средства за корисниците на финансиска поддршка за справување со енергетската криза ќе бидат исплатени на 12 […]

Хари, наводно, пишува дека принцот Вилијам физички го нападнал


Принцот Хари во својата сѐ уште необјавена книга наводно тврди дека неговиот брат, принцот од Велс, Вилијам, физички го нападнал поради бракот со Меган Маркл, објави „Гардијан“. Во неговата долгоочекувана автобиографија, принцот Хари вели дека судирот се случил во неговиот дом во Лондон во 2019 година и го оставил со видлива повреда на грбот откако […]

Светската економија се соочува со огромен стрес тест во 2023 година


Фактот што светот не доживеа системска финансиска криза во 2022 година е мало чудо, со оглед на порастот на инфлацијата и каматните стапки, а да не зборуваме за масовното зголемување на геополитичкиот ризик. Но, со оглед на тоа што јавниот и приватниот долг се искачија на рекордно ниво за време на сега веќе поминатата ера […]

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи


 Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ. Како што посочуваат од ЗНМ, според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со […]

Висечки шатори нов хит за љубителите на кампување во планина (фото)


  Лебдечко засолниште или Floating Retreat е името на еден вид пловечко туристичко одморалиште во планините на градот Шарјах во Обединетите Арапски Емирати. Оваа предложена туристичка атракција од студиото „Ард архитектс“ (Ardh Architects) од Дубаи ја комбинира возбудата на отворено со удобноста и луксузот на модерното сместување.  Ард, што значи „земја“ или „почва“ на арапски, […]

За божикните празници бесплатни се дел од паркинзите во Скопје


  За време на божиќните празници јавните паркиралишта во Скопје „Народен фронт“, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите. Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за […]