Скопје и денес меѓу најзагадените во светот


Фото: Б. Грданоски

Скопје и утринава повторно меѓу десетте најзагадени градови во светот.

На листата на светски најзагадени градови Скопје се наоѓа на десетото место со индекс на квалитет на воздухот од 165 а според параметрите од овој индекс сите вредности над 100 се сметаат за екстремно високи.

Главниот град во Македонија вчеравечер се искачи на врвот како најзагаден град со индекс на квалитет на воздухот 208.

И натаму, Скопје останува како град со најзагаден воздух на Балканот. На 18 место се наоѓа Сараево, на 23 место е Приштина, додека пак Белград се наоѓа на 27 место.