За божикните празници бесплатни се дел од паркинзите во Скопје


Фото: Б. Грданоски

 

За време на божиќните празници јавните паркиралишта во Скопје „Народен фронт“, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и „8 Септември“, ќе бидат слободни за паркирање на 6 и 7 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите.

Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе бидат слободни за паркирање без вршење на наплата на 7 јануари 2023 година. Додека пак, „Кочо Рацин“, Градска болница, клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време 00:00 – 24:00 часот и со редовна наплата, соопшти „Градски паркинг“.