Дали „најсаканата ќерка“ на Ким Јонг-ун ќе биде следниот водач на Северна Кореја?


 

Нејзиното појавување во државните медиуми, како и на фотографиите објавени за Нова година, поттикна повеќе шпекулации за плановите за избор на наслиедник. Но, не е откриено многу за оваа млада девојка.

За Нова година државните медиуми објавија недатирани фотографии од неа и Ким во посета на постројките за нуклеарни ракети. Нејзината возраст и името не се објавени, едноставно е наречена „најсакана ќерка“ на господинот Ким, пренесе Њујорк тајмс.

Тоа беше доволно за да се постави прашањето за местото на младата девојка во семејната династија Ким и дали токму таа ќе биде наследник на севернокорејскиот диктатор.

Северна Кореја не е монархија. Врховниот водач декларативно се бира по пат на владејачкиот конгрес н Работничката партија. Во стварноста семејството Ким ја води земјата како приватно семејно претпријатие од нејзиното основање кон крајот на Втората светска војна.

И дедото и таткото на Ким Јонг-ун владеење додека не починаа. Ким, кој следниот понеделник полни 39 години, веќе е на власт 11 години и малку веројатно е дека ќе замине во скоро време.

Сепак, прашањето кој во наследство ќе го добие режимот и неговиот брзорастечки нуклеарен арсенал, стана предмет на фасцинација меѓу функционерите и аналитичарите, посебно кога се појави сомнеж за здравјето на Ким Јонг-ун.

Погодувањата за плановите на наследување се појавија кога Сеул и Вашингтон оваа недела соопштија дека разговараат за тоа како подобро да се носат со растечката нуклеарна закана од Северна Кореја.

Неодамнешната игра на погодување за наследството почна откако Северна Кореја на 18 ноември лансира интерконтинентална балистичка ракета „хвасонг-17“ во едно од најзначајните тестирања на оружје.

Следниот ден, севернокорејските државни медиуми јавија дека Ким го гледал лансирањето со својата ќерка, и објавија фотографии од девојка во бела јакна, која се држи за рака со Ким.

Неколку дена подоцна, Националната агенција за разузнавање на Јужна Кореја ја идентификува младата девојка како Ким Ју-ае, за која некогашната МБА ѕвезда Денис Родман рече дека како бебе ја држел во раце, при посетата на Северна Кореја во 2013 година.

Јавното појавување на Ју-ае значеше за прв пат потврда дека Ким има дете. До нејзиното деби на државните медиуми, обичните Севернокорејци никогаш не виделе ни едно негово дете.

Јужнокорејските разузнавачи велат дека ким има три деца, од кои најстарото е најверојатно син. Су-ае е негово второ дете, а се верува дека има 9 или 11 години.

Воени аналитичари брзо забележаа дека е опишана како „сакана“ и дека е одбрана да ја претставува следната генерација на семејството Ким. Исто така, ги заинтригира долуката на Ким Јонг-ун да ја претстави на полигон за тестирање проектили, истакнувајќи ја врската меѓу семејството Ким и програмата за оружје.

„Фотографиите се веројатно, дел од внимателно разработена програма на Севернокорејците да им се покаже дека Ким Ју-ае ќе стане наследник“, рече Чеонг Сеонг-чанг, долгогодишен истражувач на семејството Ким на инстиутот Сејонг во Јужна Кореја.

Кога Ким би одбрал ќерка место син за свој наследник, тоа би бил необичен потег во длабоко патријахалната Северна Кореја. Но, и самиот Ким не беше очекуван избор да стане водаќ на земјата.

Како најмлад син, Кин ги прескокна своите браќа кога неговиот татко, Ким Јонг-ил, го препозна неговиот доминантен став и го означи за наследник.

Иако водството на Северна Кореја е претежно машко, режимот под Ким вклучува неколку влјателни жеи, како водителката Ри Чун-хее, министерката за надворешни работи Чое СОн-хи и сестрата портпаролк на Ким Јонг-ун, која последните месеци упати низа воени закани до Јужна Кореја.

Со раното откривање можен наследник, Ким можеби се обидува да ги избегне греѓките на татко му.

Повеќето аналитичари сметаат дека Ким со водење на едно дете на случувања поврзани со неговиот арсенл, ги потсети луѓето во Северна Кореја, посебно младите, дека династичкото владеење на неговото семејство и развојот на нуклеарното оружје ќе продолжи и во следните генерации.