Привилегираните производители на струја во Црна Гора минатата година добиле субвенции од 5,46 милиони евра


 

Привилегираните производители на електрична енергија во Црна Гора минатата година оствариле приходи во износ од 42,43 милиони евра, вклучувајќи ги и субвенциите од 5,46 милиони евра што компаниите ги добиле за струјата произведена од обновливи извори.

Останатите 37,11 милиони евра се приходите остварени од продадената струја по пазарна цена.

Според податоците на Црногорскиот оператор на пазарот на електрична енергија (ЦОТЕЕ), привилегираните производители за 11 месеци минатата година произвеле вкупно 436,6 милиони киловат-часови електрична енергија.

Компании со најголеми приходи се „Крново Грин Енерџи“ со 17,84 милиони евра, Ветерниот парк „Мозура“ со 11,66 милиони евра и „Хидроенергија Црне Горе“ со 3,38 милиони евра. Субвенциите што ги добиле изнесуваат соодветно 2,8 милиони евра, 1,34 милиони евра и 271.670 евра.

Струјата што ја произведуваат привилегираните производители ЦОТЕЕ ја купува по субвенционирани цени.