Сончево и ветровито, во Скопје магловито


 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла и ниска облачност, кои преку ден краткотрајно ќе се намалат. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Во Скопје ќе има магла или ниска облачност, која преку ден се очекува делумно да се намали.

Од Управата за хидрометеорлошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје температурата ќе се движи од 0 до 4 степени целзиусови.

– До недела ќе се задржи периодот на стабилно и претежно тивко време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет. Во петок ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието што ќе предизвика во текот на денот по одделни котлини условите за магла да се намалат. Во понеделник претпладне сеуште ќе има појава на магла, а во попладневните часови ќе има врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР.