Премиерот и министрите догодина со поголеми плати


  Македонскиот премиер и министрите се меѓу функционерите во регионот и во Европа кои имаат најниски плати. Приближно колку македонските министри се платени носителите на јавни функции во соседна Србија, a сите останати во Европа имаат повисоки плати. Во соседството, повисоки плати имаат и премиерите и министрите на Грција, Албанија и на Бугарија, додека платите […]

Белата куќа ги осуди нападите на Маск врз Фаучи


САД– Д-р Ентони Фаучи можеби е на прагот на пензија, но тоа едвај го направи главниот медицински советник на претседателот имун на политички напади од противниците кои го сметаат за одговорен за различни недостатоци, без разлика дали се реални или перцепирани, во начинот на кој нацијата се справи со коронавирусот. Неговиот најнов критичар е сопственикот […]

Европскиот парламент почна процедура за смена на Каили која е уапсена поради корупција


Шефовите на сите политички групи во Европскиот парламент се согласија да ја сменат потпретседателката Ева Каили, пред гласање на пленарна седница, откако таа беше уапсена во корупциски скандал поврзан со Катар, изјавија извори за ДПА. Каили (44) веќе е суспендирана од должноста потпретседател на Европскиот парламент по нејзиното апсење поради обвиненијата за корупција во петокот. Конечната одлука […]

Белорусија спроведува ненајавена проверка на борбената готовност на трупите


Белорусија почна ненајавена инспекција на борбената готовност на своите трупи соопшти денеска Министерството за одбрана. – Активностите ќе бидат сеопфатни по карактер, трупите ќе мора што побрзо да се префрлат во подрачја предвидени за тоа, со инжинерска опрема, да организираат заштита и одбрана и да постават понтонски премини преку реките Неман и Березин, соопшти Министерството […]

(Видео) Голем пожар и експлозија во Србија


  Ноќеска околу еден часот избил голем пожар во Темерин, Србија, а половина час подоцна дошло и до големаексплозија, јавуваат српските медиуми. Според првите информации, нема повредени. Се работи за магацин со лесно запалливи експлозивни материјали, наведува „Телеграф“. Големата експлозија ги вознемирила станарите на околните куќи, кои се наоѓаат на 50-тина метри од магацинот, а […]

13 декември во историјата – Ал Гор го призна поразот на претседателските избори


  Потпретседателот на САД, Ал Гор, го призна поразот од Џорџ В. Буш во неговата кандидатура за претседател, по неколкунеделните правни битки околу пребројувањето на гласовите во Флорида, на 13 декември 2000 година. Во телевизискиот говор од неговата церемонијална канцеларија до Белата куќа, Гор рече дека иако е длабоко разочаран и остро не се согласува […]

Пензионерка измамена за 200.000 денари


Измамник успеал да придобие 200.000 денари од 82-годишна жена, при што ѝ се претставил дека ѝ е близок роднина. -На 11.12.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Гази Баба, 54-годишен скопјанец пријавил дека на 09.12.2022 на подрачје на Гази Баба неговата 82-годишна мајка била измамена од едно лице за сума 200.000 денари, информираат од полицијата. […]

Автобусџиите најавуваат радикализација на протестите ако не се сретнат со премиерот


Приватните автобуски превозници информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден” пред Градот Скопје. Тие се се надеваат на средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе зборуваат за актуелната состојба. Доколку не се оствари средбата, можно е и да се радикализираат протестите. -Не знаеме кога ќе бидеме повикани. Тоа е на нив, […]

Вечер на дијамантски тијари и Нобеловци во Стокхолм


Шведска– По двегодишна пауза поради пандемијата  со Ковид-19, шведското кралско семејство се врати на годишната традиција во текот на викендот: банкетот за Нобеловата награда во Стокхолм. Секоја година, кралското семејство носи блескави дијадеми и балски фустани за да ги прослават Нобеловците. „По неколку години пауза, конечно успеавме да ги прославиме Нобеловците! Принцезата Софија (38) и принцот […]

Работнички ги осуди случувањата на првенствениот натпревар со Чаир


Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, Работнички АД Скопје бара да се казни предизвикувачот на инцидентот на првенствениот натпревар со КК Чаир 2030. Во неделата, средбата од 9-то коло од домашното првенство во салата „Шабан Трстена“ во Чаир беше прекината поради напад на еден кошаркари на Работнички од страна на еден од симпатизерите на домашната екипа. Во […]

Конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата од руралните населени места и од ромските средини во пристапот до здравствена заштита“


 Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ денеска во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе одржи прес-конференција на тема „Предизвици со кои се соочуваат жените, мајките и децата од руралните населени места и од ромските средини во пристапот до здравствена заштита“. Наодите од истражувањето, кое го спроведе ЕСЕ ги детектираа клучните проблеми со кои […]

ЕУ – Западен Балкан 2022: Крај на ерата на „додворување“ на Западот


Во Тирана на 6 декември се одржа Самитот на Европската Унија (ЕУ) и земјите од Западен Балкан, на кој се разговараше за заедничко решавање на последиците од руската инвазија на Украина, за интензивирање на политичкиот дијалог и политиката на проширување, и зајакнувањето на безбедноста и градењето отпор кон странското мешање, решавањето на предизвиците што ги […]

Честитка за Денот на Републиката на Малта од почесниот конзул Кочо Анѓушев


Почесниот конзул на Малта во Република Северна Македонија, Кочо Анѓушев, испрати честитка по повод Денот на Републиката на Малта, со кој се одбележува промената на државното уредување на Малта од монархија како дел од Британската круна, во Република. Во соопштението се подочува дека почесниот конзул Анѓушев упатил честитки до народот на Малта за храбрите државнички […]

Кандидатскиот статус на Босна и Херцеговина на дневен ред на состанокот на министрите на ЕУ


Белгија– Барањето на Босна и Херцеговина да стане земја кандидат за членство во ЕУ ќе се најде на дневен ред на состанокот на министрите за европски прашања на Унијата, што денеска ќе се одржи во Брисел. Доколку амбасадорите претходно дадат „зелено светло“, таа одлука денеска би ја потврдиле министрите, а потоа и лидерите на ЕУ […]

Џејмс Камерон ја пропушта премиерата на „Аватар 2“ во Лос Анџелес поради ковид


САД-  Џејмс Камерон нема да присуствува на премиерата на неговото високоочекувано продолжение „Avatar: The Way of Water“ во Лос Анџелес откако се зарази со Ковид-19, дознава Variety. Камерон е асимптоматичен и се чувствува добро, велат упатените. Тој ќе продолжи да се занимава со публицитет за филмот, иако виртуелно. Играчите на индустријата и среќните обожаватели кои […]

Постигнат е компромис со Унгарија за деблокирање на помошта на ЕУ за Украина


Белгија – Синоќа беше постигнат компромис за распределбата на средствата на Унгарија од ЕУ, со што се овозможи укинување на резервите на Будимпешта за доделување 18 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина во 2023 година, соопшти чешкото претседателство со Советот на Европската унија. „Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ начелно гласаа за помош од 18 милијарди […]

СП2022: Аргентинска инвазија за полуфиналето против Хрватска


ОАЕ –Репрезентациите на Аргентина и на Хрватска вечер од 20 часот во Лусаил ќе го почнат првото полуфинале на Светското фудбалско првенство во Катар. Аргентина важи за фаворит на овој дуел. „Гаучосите“ во осминафиналето ја совладаа селекцијата на Австралија (2:1), а во четвртфиналето ја победија Холандија (2:2, 4:3) по изведување на пенали. Хрватската репрезентација ги доби […]

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години


САД – САД ќе и доделат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, соопшти Белата куќа додека американскиот претседател Џо Бајден се подготвува за американско-африканскиот самит оваа недела во Вашингтон. На него тој ќе разговара со африканските лидери за изборите во 2023 година и за состојбата на демократијата. Советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан, рече […]

Чествување на Ацо Шопов по повод 40 години од неговата смрт


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска напладне ќе се одржи чествување на Ацо Шопов, по повод 40 години од неговата смрт. За великанот на современата македонска поезија, како што е најавено, ќе зборуваат д-р Веле Смилевски и д-р Марина Мијаковска. Настанот ќе го води и воведен збор ќе има Братислав Ташковски, а стихови […]

ЕУ бара да се изберат судии во Уставниот суд на Црна Гора


Црна Гора– Европската унија синоќа ги повика сите политички актери во Црна Гора итно да преземат активности за да се обезбеди функционирање на Уставниот суд и да се укинат измените на Законот за претседател. Портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро, истакна дека од витално значење е сите во Црна Гора да покажат максимална воздржаност и да се воздржат од понатамошни провокативни […]