Магла на Плетвар, слаб снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Појава на магла има на Плетвар со видливост од 20 до 30 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез […]

Променливо облачно и студено со сончеви периоди попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди во попладневните часови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно и студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени. […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 13 декември 2022 година, 347-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 18 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа 10 минути. Месечината која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее […]

Eнергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните, вели министерот Бектеши


  Товарот од енергетската криза нема да биде на грбот на граѓаните, изјави вечерва министерот за економија Крешник Бектеши. Тој уверува дека ќе биде обезбедено 24 часа снабдување со електрична енергија и редовно снабдување со топлинска енергија до крајот на грејната сезона во градот Скопје, а нема да има ни зголемување на цената на топлинската […]

Пронајденото тело во водите на Вардар е лицето што вчера скокна од мостот „Близнак“


  Телото на давеникот кое е извлечено попладнево од водите на Вардар од тим на МВР е идентификувано од страна на роднините на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија” и е утврдено дека станува збор за него, информира вечерва Центарот за управување со кризи (ЦУК). – Согласно дојавата […]

Во Турција откриено нафтено поле вредно околу 12 милијарди долари


  Нафтено поле со резерви од околу 150 милиони барели е откриено на југоистокот на Турција, во провинцијата Ширнак, соопшти турскиот претседател Таип Ердоган по денеска одржаната владина седница. „Откривме 150 милиони барели нафтени резерви околу планината Габар. Ова е едно од десетте најголеми наоѓалишта откриени годинава на копно. Вредноста на резервите достигнува околу 12 милијарди […]

Во Иран јавно обесен еден учесник на протестите


  Се зголемуваат стравувањата дека Иран се подготвува да погуби уште голем број демонстранти откако властите обесија 23-годишен маж на кран, во јавно убиство извршено помалку од еден месец откако беше уапсен и по тајно судење. Маџидреза Рахнавард беше осуден на смрт од страна на судот во градот Машхад, центар на протестите, за наводно убиство […]

Ослободениот трговец со оружје Виктор Бут им се придружи на руските ултранационалисти


  Рускиот трговец со оружје Виктор Бут, кој се врати дома минатата недела во размена на затвореници за американската кошаркарска ѕвезда Бритни Грајнер, се приклучи на про-Кремљ крајнодесничарската Либерално-демократска партија (ЛДПР), во потег што изгледа како да бара место во рускиот парламент. Во видеото објавено на Телеграм, лидерот на ЛДПР, Леонид Слуцки, кој стоеше до […]

Лидерската двојка на ЕУ спие во посебни спални соби


Лидерската двојка во Европа почна да спие во посебни спални соби. Франција и Германија нема да се разведат по 60 години политички брак кој е централен за интеграцијата во Европската унија. Навистина, тие сè уште планираат прослава на дијамантски јубилеј на нивниот основачки Елисејски договор во јануари – но овој пат, шампањкото можеби е кисело. […]

СЗО предупредува на зголемен ризик од стрептококни инфекции кај децата


  Светската здравствена организација (СЗО) и здравственото тело на ЕУ (ЕДЦД) повикаа на будност, по зголемениот број сериозни заболувања кај децата по стрептококни инфекции од групата А. Во денешната заедничка изјава двете тела посочуваат дека Франција, Ирска, Холандија, Шпанија, Шведска и Велика Британија оваа година пријавиле зголемен број случаи на инвазивна стрептококна инфекција од групата […]

СП2022: Завршницата со новата топка Ал Хилм


  Завршните четири натпревари на Светското првенство ќе се играат со нова топка која го носи името Ал Хилм, а е украсена со бордо нијанси што асоцираат на знамето на земјата домаќин Катар, соопшти денеска Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА). „Ал Хилм ќе биде официјална топка за полуфиналињата, натпреварот за третото место и финалето“, кое е […]

Роналдо: Гвардиола го одби Бразил


  Поранешниот бразилски фудбалски репрезентативец Роналдо обелодени дека тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, бил начелно заинтересиран да стане бразилски селектор. Бразил остана без селектор откако Тите поднесе оставка по елиминацијата во четвртфиналето на Светското првенство во Катар. – Разговарав со Гвардиола и неговиот стручен штаб, но тој одлучи да го продолжи договорот со Манчестер […]

Почина познатата југословенска политичарка и историчарка Латинка Перовиќ


  На 89-годишна возраст денеска почина Латинка Перовиќ, југословенска историчарка и политичарка, јави дописникот на МИА од Белград. На само 27 години таа била претседателка на Антифашистичкиот фронт на жените на Србија (АФЖ). Работела како секретар на Сојузот на комунистите на Србија од 1968 до 1972 година. Важеше за највлијателната жена во земјата во тоа […]

Дендиас до Ердоган: Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива


Шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, денеска оцени дека е неприфатливо турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да се заканува дека со балистички ракети ќе ја нападне Атина. -Заканата од ракетен напад врз Грција од членка на НАТО е неприфатлива, изјави Дендиас во Брисел, пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на Европската унија. […]

Шоле ја одложи посетата поради ковид


Високиот советник во американскиот Стејт Департмент, Дерек Шоле информира дека ја одложил посетата на Балканот, која требаше да започне денеска со неговото доаѓање во Косово, затоа што бил позитивен на Ковид-19. Во објава на неговата страница на Твитер, Шоле порача дека ќе остане посветен на прашањата во регионот и најави дека посетата на регионот ќе […]

ЕП: Секогаш ќе има такви што мислат дека вреди да ризикуваат за вреќа пари


Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, во денешното обраќање пред пратениците во Стразбур ги осуди наведените сомневања за случаи на корумпираност во европскиот законодавен дом. „Европскиот парламент, драги колеги, е нападнат. Европската демократија е нападната. Непријателите на демократијата, за кои самото постоење на овој Парламент е закана, нема да запрат пред ништо“, истакна таа. „Тие […]

Дезинформациите ја намалија довербата во имунизацијата и во здравството


Во ерата на дигитализација и исклучително брзиот пренос на вести и информации, глобален предизвик е справувањето со постојниот наплив на непотврдени информации и дезинформации. Точните и навремени информации се клучни за заштита на здравјето на децата како и на целокупната популација. Изминатиот период поради ковид-19 здравствениот систем се соочи со бројни предизвици, меѓу кои и […]

Грција го замрзна имотот на потпретседателката на ЕП поради истрагата за корупција


  Грција го замрзна имотот на потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каила, поради истрага што беше покрената поради сомневања за корупција и перење пари во ЕП. Белгиското обвинителство покрена обвинение против четворица осомничени дека примале пари и подароци со цел да влијаат врз одлуките на Европскиот парламент во корист на една земја од Персискиот залив, […]

Продолжуваат блокадите на „Илинденска“, граѓаните поканети да ги посетат нивните автобуси


Приватните автобуски превозници попладнево за МИА информираа дека нивните автобуси засега остануваат паркирани на булеварот „Илинден“ пред Градот Скопје. – Секој што сака да го донесе своето дете или внуче, да ги разгледаат автобусите внатрешно, да седнат на возачкото столче, да свирнат со сирените на автобусите, да го држат воланот во рацете, да се почувствува […]

Пронајдено тело во водите на Вардар, најверојатно станува збор за лицето што вчера скокна во реката


Центарот за управување со кризи (ЦУК) попладнево информираа дека во водите на Вардар е пронајдено тело, кое најверојатно е на лицето кое вчера се фрли во реката од мостот „Близнак“ на булевар „Србија”. – Согласно дојавата од граѓани на 112 во ЦУК и во координација со МВР и со Брзата помош, попладнево е пронајдено лице, […]