Детска божикна бајка во Монако- со стилот и со украсите


Монако– Навистина почнуваме да гледаме серија на соодветни мајки и ќерки на настаните на кралското семејство оваа празнична сезона. Пред само неколку дена, Кејт Мидлтон и нејзината 7-годишна ќерка, принцезата Шарлот, присуствуваа на божиќниот концерт на Together облечени во хармонизирана облека – додека принцезата од Велс носеше тегет фустан од Eponine, нејзината ќерка облече бордо […]

Петровска: НАТО ги отвори вратите за македонскиот бизнис сектор


НАТО не е само безбедност, туку и економска шанса. Со членството во НАТО се создаде можност компаниите од нашата земја да учествуваат во нивните тендерски постапки и да понудат производи кои би можеле да ги испорачаат за потребите на Алијансата, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната промоција на поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ […]

Виктор Димовски нема да реферира за Онишченко и не се откажува од амбасадорската функција


  Досегашниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, денеска не сакаше да ја коментира најавата на шефот на дипломатијата, Бујар Османи, дека тој, премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски деновиве ќе носат политичка одлука дали треба да замине како амбасадор во Франција, откако процедурата е речиси завршена и тој има добиено одобрување […]

Судски совет испраќа „контролори“ во Апелација


  По огромниот притисок од јавноста околу укинувањето на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ Судскиот совет на денешната итна седница одлучи да испрати работна група во Апелацискиот суд во Скопје која ќе проверува дали има процесна повреда во одлучувањето за одредени предмети, дали имало одолговлекување, дали одлучувале судии кои не смееле бидејќи биле пензионирани. Во состав […]

Погребан Синиша Михајловиќ


  Прославениот српски фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина во петокот на 54-годишна возраст по долга и тешка битка со леукемија, денеска беше погребан во Рим. На последното испраќање на легендарниот Миха присуствуваа илјадници луѓе, меѓу кои и голем број негови поранешни соиграчи и познати фудбалски имиња. Последен пат од Михајловиќ, меѓу другите, се простија Роберто […]

Македонец пронајден мртов пред шопинг-мол во Софија


Стојан Спасов, 25-годишен македонски државјанин, е пронајден мртов во саботата пред шопинг мол во Софија, објавија негови пријатели на социјалните мрежи, повеќето од нив спортисти кои се занимаваат со боречки вештини, во кои спаѓал и Спасов. Според нив, Спасов бил спортист од Виница, кој веќе неколку месеци живеел во Софија. Веста за смртта на Спасов не била […]

САД: Мијалков останува на црната листа без оглед на судските одлуки во Македонија


Амбасадата на САД ги следи одлуките на Апелацискиот суд за предметите „Таргет – Тврдина“ и  „Трезор“ и, без оглед на исходот, најавува дека главнообвинетиот Сашо Мијалков останува на нивната црна листа. „Без оглед на неодамнешните одлуки на судот во случаите ‘Трезор’ и ‘Таргет – Тврдина’, санкциите на САД против Сашо Мијалков остануваат во сила“, велат […]

„За нас почнува живот“ – премиера во Драмски театар 


Во Драмски театар на 20 и 21 ноември во 20 часот ќе се реализираат премиерните изведби на претставата „За нас почнува живот“. Претставата се игра на Мала сцена и улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска и Нино Леви, режијата е на Дејан Пројковски. Оригиналниот наслов на драмскиот текст е „Прав“ на унгарскиот автор Ѓерѓ Шпиро. […]

Победата на Мундијалот дојде како мелем на сите економски рани на Аргентина


  БУЕНОС АИРЕС – Неверојатно тензично финале на Светското првенство, ако не и најдоброто на сите времиња. Извонредна победа на Аргентина која ја круниса кариерата на суперѕвездата Лионел Меси. Нова надеж за земја во длабока криза. Аргентина ја победи Франција по изведувањето пенали, откако натпреварот заврши нерешено 3-3, поради што стотици илјади граѓани излеаа на […]

Откажан дочекот на француските фудбалери


  Во Париз е откажан денешниот дочек на француската фудбалска репрезентација, која вчера загуби од Аргентина на пенали во финалето на Светското првенство во Катар. Претседателот на Фудбалската федерација на Франција (ФФФ), Ноел ле Грет, во изјава за локалните медиуми прецизираше дека дочекот е откажан бидејќи фудбалери изразиле желба веднаш по слетување да заминат во […]

Освоени први бодови на Светски куп во скијање и сноуборд од македонски натпреварувачи


За прв пат во историјата на ски спортови во Македонија, нашата претставничка Ана Цветановска освои бодови на Светскиот куп кој се одржа на 17 и 18 декември во Давос – Швајцарија. Младата македонска скијачка Ана Цветановска на натпреварувањето на Светскиот куп во две дисциплини освои 18 бодови, со што ја издигна Македонија на 22- то […]

За опозицијата Предлог-буџетот е „надуен балон“, за власта има среднорочна диоптрија


Во Собранието во тек е расправата за предложениот Предлог-буџет за 2023 година. Дополнетиот Предлог-буџет за 2023-та е прва точка на дневниот ред на денешната 97. седница на Собранието. На почетокот од седницата министерот за финансии го образложи Предлог-буџетот посочувајќи дека истиот е во согласност со златното правило во јавните финансии – капиталните расходи се повисоки […]

Евробарометар: Поскапувањето на енергенсите влијае врз куповната моќ на 85 отсто од граѓаните на ЕУ


Резултатите од најновото истражување на Евробарометар покажуваат дека зголемувањето на цените на енергенсите се одразило на куповната моќ на 85 проценти од граѓаните на Европска Унија. Додека 56 отсто веруваат дека неодамнешните зголемувања на цените главно се должат на агресивното однесување на Русија, а 38 отсто не се согласуваат со тоа. Според истражувањето, 82 отсто […]

МОН започна јавна дебата за изработка на нов Закон за средно образование


Потребата за донесување ново законско решение за средното образование во земјава првично треба да го побараме во тоа што постојниот закон се спроведува повеќе од 27 години, а во меѓувреме средното образование стана задолжително, беа донесени нови наставни планови и програми и истите постојано се ажурираат и дополнуваат. Имаме многу нови права и можности за […]

Поскапува дизелот, поевтинува мазутот


 Цената на дизел горивото и на екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ се зголемува за половина денар по литар, а мазутот поевтинува за 0,137 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 […]

Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто


  Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград. -Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се […]

Пешев: И 2023. ќе биде тешка година за бизнисот


  Не очекува уште една тешка година за бизнисот со високи цени на енергијата и скапи прехранбени производи, смета извршниот директор на Стопанската комора Антони Пешев. – Ситуацијата со воените дејствија во Украина продолжува и не гледаме смирување на тој сегмент. Тоа значи дека енергијата повторно ќе достигнува високо ниво. Добра вест е што Македонија […]

По три месеци закани со поставени бомби, денеска ќе се одржи Координативен состанок на безбедносните служби


По три месеци откако почнаа заканите со дојави за поставени бомби во училишта во Скопје, Кавадарци, Битола, Крива паланка, институцвии, трговски центар, ЈСП, Транспортен центар и друго, денеска ќе се одржи Координативен состанок на безбедносните служби. – Нормална процедура се апелите кои ги испраќаат сите амбасади за нивните граѓани. Така прави и нашето Министерство за […]

Граѓаните на Скопје незадоволни и од Данела Арсовска и од Градскиот совет


  Во последната анкета на ИРИ во која се истражувани и состојбите во Скопје, испитаниците во 57 отсто се „целосно незадоволни или донекаде незадоволни“ од работата на градоначалничката Данела Арсовска, а сличен е процентот и за работата Советот на Град Скопје – 54 проценти. Но графата за позитивни оценки е поголема за Арсовска отколку за […]

Повеќе луѓе веруваат во Никола Груевски отколку во Христијан Мицкоски во анкетата на ИРИ


  Во анкетата на ИРИ од октомври оваа година изненадувачки на врвот на листата на луѓето на кои се гледа најповолно се најде бегалецот од Будимпешта, Никола Груевски. На прашањето „Кога размислувате за луѓето во политичкиот живот, која е личноста во Северна Македонија на која гледате најповолно?“ 8 отсто одговориле дека тоа е Никола Груевски. […]