Посебен режим на сообраќајот утре и задутре во Скопје 


Во посета на Република Северна Македонија утре ќе пристигне делегација предводена од претседателот на Големото национално собрание на Република Турција. Поради тоа, СВР Скопје утре и задутре ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје. Од СВР Скопје апелираат до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите […]

Вработен во МВР сликал граѓанин за возачка дозвола, иако знаел дека нема положено


Лице работено како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи си доби кривична пријава. – Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по член 353-в од Кривичниот […]

СЕХА: Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер ги дознаа противниците во групната фаза


Извршниот одбор на регионалната ракометна СЕХА Гаспром лига донесе денеска одлука како ќе изгледа составот на натпреварување за сезоната 2022/23 во која ќе се натпреваруваат две македонски екипи, шампионот Вардар 1961 и вицепрвакот Еурофарм Пелистер. Еурофарм Пелистер ќе игра во групата А заедно со Нексе и Војводина, додека Вардар е во групата Б заедно со Татран Прешов и Партизан. Актуелниот освојувач на СЕХА лигата, Веспрем, и ППД […]

Дојава за бомби имало во 15 училишта во Скопје, и средни и основни, дел се лажни


На електронските адреси на 15 училишта во Скопје (13 средни и две основни) попладнево е упатена закана за поставена експлозивна направа, во дел од објектите веќе се завршени проверките и е утврдено дека станува збор за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи. -Веднаш по добиените пријави до СВР Скопје, од полициски службеници се […]

Зошто е добро да се пие салеп во зимските денови


Салепот станал популарен во средниот век со доаѓање на Арапите во Европа. Инаку овој бел прав се добива со мелење на сушени луковици од планински орхидеи од родот на Orchis (Orchis mascula, Orchis militaris). Доколку не знаете како се подготвува салепот еве еден едноставен рецепт: Потребно ви се – 1000 мл вода, 150 грама шеќер, пет лажици […]

Холандскиот премиер официјално се извини за улогата на Холандија во тргувањето со робови


Холандија – Холандскиот премиер, Марк Руте, денеска се извини во име на неговата влада за историската улога на Холандија во ропството и трговијата со робови, независно повиците за одложување на долгоочекуваната изјава. „Денеска се извинувам во име на холандската Влада за постапките на холандската држава во минатото“, рече Руте во говор за ропството во Националниот архив […]

Бензема се збогува од францускиот дрес


Франција– Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, објави денеска преку социјалните мрежи дека веќе нема да настапува за француската репрезентација за која во текот на кариерата собра 97 настапи и постигна 37 голови. „Ја испишав својата приказна, а на нашиот заеднички пат дојде до својот крај“, напиша Бензема, кој денеска го прославува својот 35. роденден. За […]

Во Шведска годинава застрелани 60 луѓе


Шведска– Шеесет луѓе се застрелани во Шведска оваа година, што е рекорден број во модерната историја на земјата. Во Шведска во последниве години се забележува серија престрелки, при што полицијата и властите ги обвинуваат криминалните банди кои шетаат во големите градови, како што е главниот град Стокхолм. – Насилството со огнено оружје се зголеми и за […]

Спасовски, Битиќи и Петровска се министри со највисок рејтинг во владата на СДСМ


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерката за одбрана, Славјанка Петровска се министрите со најголем рејтинг во Владата предводена од СДСМ, односно граѓаните сметаат дека тие најдобро ја вршат својата работа. Линк до целиот текст тука

Бекам разочарал во улогата на „амбасадор“ во Катар


ОАЕ- Дејвид Бекам ја даде својата прва јавна изјава за неговата контроверзна мултимилионска улога на амбасадор со домаќинот на Светското првенство Катар, велејќи за Њујорк Тајмс дека верува дека „спортот има моќ да биде сила за доброто во светот“. Во написот во петокот со наслов „Исчезнатиот гласник на Светското првенство“, американскиот весник тврди дека Катар […]

Градежна офанзива во најава: Ќе се гради автопат од Битола до Прилеп, привршува изградбата на експресниот пат Дреново – Градско


2023 година е година на градежна офанзива, барем според она што го гледаме на патиштата кои се претворија во огромни градилишта. Линк до целиот текст тука

Со помош на вештачка интелигенција креирани 245 портрети на Блаже Конески


Графичкиот уметник Небојша Гелевски – Бане, по повод 101 година од раѓањето на Блаже Конески, користејќи вештачка интелигенција, креирал повеќе од 245 портрети на доајенот. Користејќи 24 фотографии од Блаже Конески, уметникот создал модел за Конески, а потоа „го препуштил“ на вештачката интелигенција, која креирала портрети според зададените насоки или стилови. „Како го избирав изгледот […]

Уапсена жена откако упаднала во домот на Роберт де Ниро, крадела божиќни подароци


САД- Жена наводно упаднала во  домот на актерот Роберт де Ниро во Апер Ист Сајд рано наутро во понеделникот и почнала да ги краде божиќните подароци од под неговото дрво, според полицијата. Шенис Авилес (30) е уапсена под обвинение за кражба откако била забележана како влегува во домот на Де Ниро во 2:45 часот, соопшти […]

Илон Маск и Џаред Кушнер заедно го следеа финалето на Мундијалот во Катар


ОАЕ- Илон Маск и Џаред Кушнер беа забележани заедно за време на финалето на Светското првенство во Катар во неделата. Новиот извршен директор на Твитер и поранешниот советник и зет на Трамп во Белата куќа беа забележани како седат еден до друг на финалето на Светското првенство во 2022 година во Лусаил Сити, Катар меѓу […]

Колку е богат Лионел Меси и на што ги троши парите?


Според Форбс, Меси заработил неверојатни 75 милиони долари на терен во текот на минатата година – повеќе од кој било друг спортист на планетата. Само неговата плата во Пари Сен Жермен изнесува 35 милиони долари годишно, што значи дека заработува 738.000 долари неделно или 105.000 долари дневно или 8.790 долари на час. Аргентинецот исто така […]

Скопје доби елка на плоштад, a атмосферата изостана


Украсувањето на центарот на Скопје и натаму една од главните теми меѓу жителите на главниот град, а воо меѓувреме, викендов на плоштадот „Македонија“ беше поставена голема елка, мини забавен парк и куќарки во кои ќе се продаваат традиционалните новогодишни производи. -Да елка има, мини паркот очигледно работи откако ќе се стемни, а куќарките не се […]

Повторно дојави за поставени бомби во училишта


Во средното училиште „Владо Тасевски“, попладнево има дојава за поставени бомби. Учениците и вработените се евакуираат. Како што коментираат вработени во училиштето, досега се покажало дека дојавите за бомби се секогаш за истите, односно кога овие ученици се прва смена, дојавите се наутро, а кога се втора смена, дојавите се попладне.  Заканите со поставени бомби […]

Матеус: Роналдо е најголемото разочарување на СП во Катар


ОАЕ– Прославениот германски фудбалер Лотар Матеус изјави денеска дека португалскиот капитен Кристијано Роналдо е најголемото разочарување на Светското првенство во Катар. Португалија беше елиминирана во четвртфиналето од Мароко, додека титулата ја освои Аргентина, која синоќа во епско во финалето по подобро изведување пенали ја совлада Франција. „Роналдо беше целосна спротивност од Лионел Меси. Сè направи лошо. И за […]

Потпишани договори за развој на 12 социјалните услуги во 17 општини


Во рамки на Вториот повик за доделување грантови за развој на социјални услуги од Министерството за труд и социјална политика денеска беа потпишани договори со претставници на даватели на услуги на општините. Како што информираше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната прес-конференција од првиот јавен повик беа лиценцирани 22 услуги во […]

МНР во контакт со надлежните органи на Бугарија во врска со пронајденото тело на македонски државјанин во Софија


Министерството за надворешни работи информира дека веднаш по добиената информација за пронаоѓање на телото нашиот државјанин С.С. во Софија, преку Амбасадата на земјава во Бугарија, стапило во контакт со бугарските надлежни органи, од кои се добиени првични информации за случајот. Преку Министерството за внатрешни работи веќе е стапено во контакт со семејството на починатиот во […]