Вработен во МВР сликал граѓанин за возачка дозвола, иако знаел дека нема положено


Фото: Б. Грданоски

Лице работено како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи си доби кривична пријава.

– Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.С.(36) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата”, казниво по член 353-в од Кривичниот законик, информираат од МВР.

Како што соопшти МВР, пријавениот кој бил вработен како референт за управно надзорни работи во МВР – Оддел за граѓански работи, на 23.05.2022, и покрај тоа што знаел дека лицето Ф.С. од Скопје немал положено возачки испит за управување на моторни возила, го примил, извршил негово фотографирање за прва возачка дозвола, ги внел неговите податоци во системот, а веднаш потоа ги избришал.