Филмот „Човек од мермер“ ја отвора манифестацијата „Недела на полски филм“ во Битола


  Со проекција на филмот „Човек од мермер“ на режисерот Анджеј Вајда, вечер битолското кино „Манаки“ почнува манифестацијата „Недела на полски филм“. Домаќин и организатор на културниот настан е ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Северна Македонија. Во наредните шест денови […]

Седница на Уставен суд


Осум иницијативи за оценување на уставност и законитост и едно барање за заштита на слободи и права се на дневен ред на денешната 41. седница на Уставниот суд. На дневен ред е иницијативата поднесена на член 10 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година. Според наводите во иницијативата оспорениот […]

Бислимоски во Атина ќе заседава со 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница


  Мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас ќе бидат детално презентирани и разгледани на денешниот состанокот во Атина на 52-от Борд на регулатори на Енергетската заедница со кој заседава претседателот на Регулаторната […]

Продолжува дебатата за дополнетиот Предлог буџет за 2023 година


  Собранието денеска втор ден ќе расправа по дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, откако Владата го усвои текстот по прифатените амандамни во матичната собраниска Комисија. За власта, според изнесеното на првиот ден од дебатата, предложениот буџет е реален и е одговор на енергетската криза, со поддршка на граѓаните и стопанството и ќе обезбеди економски пресврт. […]

Повеќе годишни извештаи пред Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците


  Годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за спроведување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 за период 01.01.-31.12.2021 година е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. На агендата на седницата се и Годишните извештаи за работата […]

Еврејската заедница го прославува празникот Ханука


  Еврејската заедница вечер (19.00) во синагогата „Бет Јаков“ ќе го прославува празникот на светлината „Ханука“. Денеска е третиот ден од празникот, а од Заедницата најавуваат дека третата свеќа ќе ја запали претседателот Стево Пендаровски. „Ханука“ се слави како сеќавање на победоносната ослободителна борба на еврејскиот народ на тлото на древниот Израел против елинистичкиот окупатор. […]

Промоција на избрани дела во 10 томови од Раде Силјан


  Во уметничката галерија при Домот на културата „Ацо Шопов“ од Штип, денеска ќе се одржи промоција на избраните дела во десет томови од современиот македонски писател, Раде Силјан. Книгите се проследени со толкувања од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Луан Старова, Паскал Гилевски, Гоце Смилевски, Санде Стојчевски, Стефан Влахов-Мицов, Сретен Перовиќ, Думитру М. […]

Студенo утрo со магла и облачност


  Времето денеска наутро ќе биде студено и особено во котлините во јужниот дел со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од минус шест до три, а максималните ќе достигнат од […]

Шаќири: Ако 30 отсто се грешките во учебникот по Историја и општество за петто одделение, МОН ќе заземе став


 Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири најавува дека до второто полугодие ќе има решение за учебникот по Историја и општество за петто одделение во кој се констатирани низа грешки и нелогичности. – До второто полугодие ќе имаме решение и ќе побараме од авторите да ги корегираат грешките. Ако се утврди дека грешките се повеќе […]

Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани


На третата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница: Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани, напиша вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил. На седницата било констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и дека не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните.  – Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна […]

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол


Таткото кој бил спречен да го придружува своето дете во Универзитетската клиника за детски болести бил дискриминиран од болницата врз основа на пол, утврди Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, јавува А1Он. КСЗД утврди директна продолжена дискриминација врз основа на пол во областа на здравствената заштита, извршена од страна на Јавната здравствена установа Универзитетска […]

ЈО бара притвор за велешанецот кој возејќи пијан усмрти 11-годишно девојче


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 29-годишен велешанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 2 во врска со член 297 став 1, како и кривично дело – Неукажување помош […]

Грција отвори нов музеј во центарот на македонската цивилизација во Вергина


Грција го отвори новиот музеј Аигаи во градот Вергина во кој е вклучен целиот археолошки локалитет од центарот на античката македонска култура. Новиот музеј ги обединува Палатата на Филип, кралските гробници и Музејот на кралските гробници.Премиерот Киријакос Мицотакис, кој го отвори музејот,  истакна дека тој е „важен придонес за развојот на глобалното културно наследство“ што […]

Хакерите имаат нова тактика за кражба на Фејсбук лозинки


Хакерите имаат нова тактика за кражба на Facebook лозинки. Истражувачи од Trustwave предупредуваат на нов начин на компјутерска измама или фишинг кампања во која на жртвите им се испраќа имејл со линк до објава на Фејсбук. Хакерскиот напад започнува со е-пошта испратена до потенцијалната жртва, со порака дека има прекршување на авторските права во една […]

Макрон влезе во соблекувалната на Франција по финалето: „Слушајте ме сега внимателно“


  Аргентина ја совлада Франција во спектакуларно финале и по трет пат во својата историја стана светски првак. Французите не успеаја да ја одбранат шампионската титула од Русија и по финалето во соблекувалната на Триколорите владееше депресија и апатија. Францускиот претседател Емануел Макрон, кој го следеше натпреварот на стадионот, веднаш отиде во соблекувалната на националниот […]

Лажни сите пријави за бомби во училишта во Скопје


Направени се сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје (две основни училишта и 14 средни училишта), по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информира Министерството за внатрешни работи. Веднаш по добиените пријави, појаснуваат од МВР, од […]

Почна постапката за исплата на субвенциониран студентски оброк


Налогот за исплата на средства по основ на субвенциониран студентски оброк е доставен до Министерството за финансии на понатамошно постапување, соопшти вечерва Министерството за образование и наука (МОН). Комисија во рамки на МОН изврши проверка на апликациите на студентите од аспект на исполнетост на условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, преку компарација со податоците […]

Комитетот на американскиот Конгрес денеска треба да даде препорака за кривичен прогон на Трамп


Комитетот на американскиот Конгрес за истражување на насилството од 6 јануари 2021 година со упадот во Капитолот во Вашингтон денеска ќе го  одржи својот последен состанок, со очекување да даде препорака Министерството за правда да разгледа можност за покренување кривична постапка против поранешниот протседател Доналд Трамп.   Специјалниот комитет на Претставничкиот дом го сочинуваат седум […]

Ќе се формира оперативен тим за справување со хибридни закани


Безбедносната состојба е стабилна и не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните, констатираше Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница на состанокот што се одржа денеска по честите дојави за бомби во државава. На состанокот е донесена одлука да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани. -Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација […]

ЕУ постигна важен договор за цената на гасот, еве кога се активира


  Министрите за енергетика на земјите-членки во понеделникот се договорија механизмот за ограничување на цената на гасот да се активира кога цената ќе достигне 180 евра за мегават час и 35 евра повеќе од референтната цена на ЛНГ за период од три последователни дена, се дознава од дипломатски извори, пренесе Хина. Против одлуката за активирање […]