Филмот „Човек од мермер“ ја отвора манифестацијата „Недела на полски филм“ во Битола


 

Со проекција на филмот „Човек од мермер“ на режисерот Анджеј Вајда, вечер битолското кино „Манаки“ почнува манифестацијата „Недела на полски филм“.

Домаќин и организатор на културниот настан е ЈОУ Културен и информативен центар Битола во соработка со Кинотека на Македонија и со поддршка на Амбасадата на Полска во Северна Македонија.

Во наредните шест денови битолчани ќе можат да проследат исто толку антологиски филмови од полската филмска продукција.