Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани


На третата седница на Советот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница: Формиран оперативен тим за справување со хибридни закани, напиша вечерва министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

На седницата било констатирано дека безбедносната состојба е стабилна и дека не постојат реални закани по безбедноста на граѓаните.

 – Безбедносно-разузнавачката заедница е во секојдневна меѓусебна комуникација и координација, како и со меѓународните партнери од безбедносниот сектор со кои постојано работат на размена на информации и искуства во справувањето со хибридните закани.
Од седницата на Советот произлезе заклучок да се формира оперативен тим за сајбер безбедност и хибридни закани со кој ќе раководи Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи. Оперативниот тим ќе биде составен од експерти од Бирото за јавна безбедност, Агенцијата за разузнавање, Агенцијата за национална безбедност и Служба-Сектор за воена безбедност и разузнавање. Предвидено е по потреба да бидат вклучени и други институции и експерти.
Главни задачи на оперативниот тим ќе бидат стручната процена и препораки, изработка на минимум стандарди и опрема за градење отпорност на секоја институција и зајакнување на комуникацијата со јавноста на дневно ниво.


Меѓу другото, донесен е и заклучок со кој се зајакнува комуникацијата со партнерски институции во делот на проценката на отпорност и заштита на системот -стои во објавата на Спасовски.

Македонија веќе три месеци е под закана за поставени бомби во средни и основни училипта, институции, трговски центри, автобуси на ЈСП; Транспортниот центар и станбени згради. Сите се покажаа како лажни, но дојавите не престануваат. 

Денеска, на меил адресите на 16 училиште во Скопје, од кои две основни, повторно беа примени дојави за бомби во попладневните часови. Сите училита беа испразнети, евакуирани учениците и вработените, а зградите ги проверуваше антитерористиќка единица при МВР.