Доколку се употребува во наставата ќе нанесе непроценлива штета, велат историчарите за учебникот по историја за V одделение


Како професионални историчари и членови на Здружението на историчарите на Република Македонија реагираме по повод објавувањето на учебникот по предметот Историја и општество за V одделение во кој се направени редица пропусти, и во содржинска и во концепциска смисла, и се наведени повеќе погрешни информации, соопштија од Здружението на историчари на Македонија после грешките и […]

Вилијам дојде на свадбата на својата прва девојка, таму се сретна со некои други бивши


Англија– Во празничната сезона, принцот Вилијам избра да ја прослави љубовта на една многу важна жена. Тој го помина викендот со старите пријатели во Котсволд Хилс. Принцот од Велс одлучил присуствува на венчавката без посебни протоколи. Роуз Фаркухар, неговата поранешна девојка, се омажи за нејзиниот партнер Џорџ Гемел во Св. Марија Богородица во Тетбери во […]

Ковачевски: Владата ќе ги покрие долговите за струја на институции, пред сè на здравствените


Долговите за неплатена струја на институциите кои се од витално значење ќе ги покрие Владата, согласно прераспределбата поднесена и одобрена во Собранието. Ова пред сè, се однесува на здравствените институции но и други институции кои се од важно значење за државата, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски. Целта е, додаде, да се обезбеди непречено функционирање на […]

Анкета на ИРИ: Граѓаните загрижени за правецот во кој се движи Македонија


  Незадоволство од насоката во која се движи земјата, силна поддршка за членството во ЕУ и зголемување на позитивните перцепции за Кина и Турција покажува новата анкета на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Северна Македонија.  На прашањето за насоката на движење на земјата, само 13 отсто од македонските граѓани одговориле дека земјата се движи во вистинска […]

Алити: Формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена


Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити смета дека формирањето на Агенција за кибер-безбедност ќе овозможи државата да биде поподготвена за кибер напади, како оние кои се одвиваат во изминатиот период. Меѓутоа, како што истакна тој на денешната прес – конференција во Влада формирањето на ваква Агенција е поврзана со процесот на реорганизација планирана […]

Трансформаторот за РЕК „Битола“, денеска пристигнува во Солун, утре тргнува кон Битола


  Во јануари ќе има можност сите три блока на РЕК „Битола“ да работаат во исто време и да испорачуваат електрична енергија, изјави генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски. На прес-конференција во РЕК „Битола“, Ковачевски потврди дека попладнево од Истанбул со брод до Солун ќе стигне трансформаторот потребен за работа во грејната сезона што […]

Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“


Горан Козаров е назначен за директор на ДООЕЛ „Топлификација Битола“, објави на денешната прес конференција генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски. ДООЕЛ „Топлификација“ е најновиот правен субјект во рамките на компанијата и во негова надлежност ќе биде изградбата и одржувањето на топловодот, како и дистрибуцијата на топлинска енергија од РЕК „Битола“ до градот Битола […]

Андреј Блатник, еден од најценетите современи словенечки писатели, гостува во Скопје


Издавачката куќа Артконект од Скопје организира промоција на книгата „Угризи“ од Андреј Блатник, објавена годинава во превод на Лидија Димковска. Андреј Блатник, еден од најценетите современи словенечки писатели, гостува во Скопје на 20 декември, во кафе „Филхармонија“ од 19:30 часот. Разговорот со Андреј Блатник ќе го водат преведувачката на книгата Лидија Димковска и писателот Гоце Смилевски. […]

ССК за измените кај данокот на добивка: Наместо правично оданочување, сериозен удар врз малите и микро фирми


  Предлог Законот за измени и дополнувања на Законот за данок на добивка наместо да создаде услови за правично оданочување предизвикува сериозен удар врз малите и микро фирми, го загрозува нивниот опстанок, а предизвикува и стимулирање на даночна евазија, истакнува Сојузот на стопански комори на Македонија. Со укинување на постојното ослободување од обврската за плаќање […]

Мојсова-Чепишевска: Во тестаментот на Конески е пораката да продолжиме да пишуваме на македонски


  ИВАН АНТОНОВСКИ Пораката да продолжиме да пишуваме на македонски јазик е една од оние што Конески ни ги остави како тестамент. Тој ни укажа дека нема мали и големи јазици и големи и мали култури. Многумина му го поставуваа прашањето зошто не пишува на англиски, руски или германски. Но Конески сметал дека е одговорен […]

Архитектот Зорица Блажевска добитник на наградата „Андреја Дамјанов“


 Архитектот Зорица Блажевска, професор при Архитектонскиот Факултет на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е добитник на наградата за животно дело “Андреја Дамјанов” за 2022 година. Оваа награда ја доделува Асоцијацијата на Aрхитекти на Македонија (ААМ), како признание за особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Творештвото на архитект Блажевска […]

Нуредини уште го чека извештајот од Финансиска полиција за А-интегрираната дозвола за „Дрисла“


  Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со издавањето на А-интегрирана дозвола за депонијата „Дрисла“ без да биде извршен увид, рече дека сè уште го немаат добиено извештајот од Финансиска полиција, но дека ќе вршат внатрешна ревизија за постапката и ќе постапуваат согласно […]

Бесими: Во предложениот Буџет за 2023 капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит


  Предложениот Буџет за 2023 година е во согласност со златното правило во јавните финансии – капиталните расходи се повисоки од буџетскиот дефицит, односно ќе се позајмува само за финансирање на инвестициските проекти. Реализацијата на буџетот ќе се раководи според принципот вредност за вложените пари, при што ќе се внимава парите на граѓаните да се […]

Апелација се правда, пресудата за „Таргет -Тврдина“ била нејасна и неразбирлива


  Советот на Апелацискиот суд Скопје информира дека првостепената пресуда за предметот познат како „Таргет-Тврдина“ е укината поради сторени суштествени повреди на одредби на постапката од Законот за кривична постапка, како и повреди на кои Судот внимава по службена должност, а кои повреди влијаеле и врз правилно утврдување на фактичката состојба и правилна примена на […]

Постаро лице повредено откако со возилото излетало од автопат


На 18.12.2022 околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(69) од Скопје, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес. По овластување на јавен […]

Исти недостатоци во работата на Судските совети и судовите


Сите јавни седници на Совет на јавни обвинители и Судски совет и речиси 900 рочишта на главна расправа во 12 основни судови низ државава како и работата на два апелациони суда во поглед на постапувањето по жалбите се дел од 19. годишен циклус на мониторинг на судски постапки кој го спроведува Коалицијата Сите за правично […]

Повисоки каматни стапки носат само болка без корист


Непоколебливата определба на централните банки да ги зголемат каматните стапки е навистина извонредна. Во име на припитомување на инфлацијата, тие намерно тргнаа на пат да предизвикаат рецесија – или да ја влошат доколку дојде до неа. Покрај тоа, тие отворено ја признаваат болката што ќе ја предизвикаат нивните политики, дури и ако не нагласуваат дека […]

Фатен возачот што прегази девојчето во Велес


Денеска, во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој во саботата, околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото. […]

Што предвидува планот за Попова Шапка: нови 16 скијачки патеки, сезона од над 100 денови…


  Скијачки патеки, системи за вештачки снег, сместувачки капацитети, паркинзи, ски-лифтови, жичари, угостителски објекти, како и планинарски домови, предвидува планот за разој на ски-центарот Попова Шапка, што денеска на прес-конференција го претстави компанијата „ТехноАлпин“, а е одобрен од Владата. Станува збор за инвестиција вредна над 180 милиони евра. Инвестицијата треба да се реализира почнувајќи од […]