Постаро лице повредено откако со возилото излетало од автопат


На 18.12.2022 околу 15.30 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Велес – Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.(69) од Скопје, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Велес.

По овластување на јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од СВР Велес.