ТАВ најави: „Луфтханза“ ќе лета од Франкфурт до Скопје од април 2023 година


Германскиот авиопревозник „Луфтханза“, влегува на македонскиот авијациски пазар со отпочнување на летови на линијата Франкфурт – Скопје, од 23-ти април 2023 година, соопшти ТАВ Македонија, откако авиокомпанијата ги закажа летовите помеѓу двата града. „Луфтханза“ ќе ги поврзе македонскиот главен град со главниот аеродром во Франкфурт нудејќи летови од Меѓународниот Аеродром Скопје секој ден во неделата, […]

Синди, Кристи, Хелена: Супемоделите ја прославија празничната сезона


САД – Божиќ е време за семејството, пријателите… и модните икони. Хелена Кристенсен ја прослави празничната сезона со Синди Крафорд и Кристи Тарлингтон во обединување на супермоделите, споделувајќи фотографии од собирот на Инстаграм. „Нема подобар начин да се започне празничното расположение“, напиша таа во описот. „Толку ги сакам овие девојки“, додаде 53-годишната Кристенсен на својот […]

Дојави за бомби во неколку банки во областа на кантонот Сараево


Полицијата на кантонот Сараево утринава била известена дека повеќе деловни единици на одредени банки на подрачјето на тој кантон по електронска пошта добиле пријава за наводно поставена бомба, па во врска со тоа, како што соопштија, преземени се мерки и дејствија за проверка на добиените информации, евакуација и контрадиверзантска проверка на деловни простории. Се додава […]

Фотоволтаични панели поставени на детската градинка во општина Илинден


Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден. Промоцијата се одржа денеска, при што градоначалникот Александар Георгиевски заедно со […]

Нов рекорд на Јокиќ во НБА


Кошаркарите на Денвер го совладаа рано утрово Шарлот со 119-115, а српскиот центар Никола Јокиќ постигна уште еден рекорд во НБА лигата. Јокиќ уфрли 40 поени, додавајќи десет асистенции и 27 скокови, за својот петти трипл – дабл ефект во оваа сезона, а вкупно 81. во кариерата. Центарот на Денвер со тоа стана прв кошаркар […]

УХМР: Следува период со пониски утрински температури


Следува период на стабилно време со пониски утрински температури, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утре и во среда по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, кога и дневните температури ќе се задржат пониски. Потоа дневните температури ќе бидат во постепен пораст. 

Спасовски: Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата


Секој човек е роден слободен и еднаков во поглед на достоинството и правата. Ова денеска го истакна министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, по повод 21 декември, Денот на настава на турски јазик, во своето обраќање на регионалната конференција „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“, во организација на Комисијата за спречување и заштита […]

(Во живо) Министерот за буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација


Ппрес-конференција ќе одржи министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, на тема: Буџетот на Министерството за информатичко општество и администрација за 2023 година. Проследете ја во живо:

Меган и Хари објавија „празнична“ честитка без спомнување на Божик


Војводата и војвотката од Сасекс објавија виртуелна картичка со која на јавноста и посакуваат „радосна празнична сезона“. Двојката ја сподели празничната честитка посакувајќи им на луѓето „здравје, мир и многу среќна нова година“ на црвена позадина покрај нивните потписи. Сепак, не се споменуваше Божик. Ова е почеста појава во САД каде честитката е често „Среќни […]

Русија и Кина ќе одржат заедничка воена вежба


Руското Министерство за одбрана соопшти дека Русија и Кина ќе одржат заедничка поморска воена вежба од 21 до 27 декември. – Заедничките поморски вежби, што се одржуваат секоја година од 2012 година, ќе опфатат ракетен и артилериски оган во Источното Кинеско Море. Главната цел на вежбите е зајакнување на поморската соработка меѓу Русија и Кина […]

Безбедносно известување од Амбасадата на САД поради дојавите за бомби во земјава


Амбасадата на Соединетите Американски Држави во земјава издаде безбедносно известување за граѓаните поради дојавите за бомби. На веб-страницата на Амбасадата на САД се апелира дека „доколку се најдете на локација на која има дојава за бомба, следете ги упатствата на лицата одговорни за безбедноста и полицијата“. Се наведува и дека поради потенцијално зголемен криминал за време на […]

Ријана го покажа седуммесечниот син Фенти- Мајерс на плажа


САД– Поп-ѕвездарта и милијардерка Ријана и нејзиниот партнер АСАП Роки за прв пат беа видени во јавност со нивниот седуммесечен син на плажа во Малибу каде правеа професионални фотографии.   Пејачката носеше црн фустан со шлиц, раперот кожен елек и широки панталони, а нивниот син, кој се вика Фенти-Мајерс, беше дотеран во црни шорцеви, но […]

Повеќе од 7.000 луѓе се жртви на трговија со луѓе во ЕУ секоја година


Во ЕУ годишно има околу 7.000 жртви на трговија со луѓе, а тоа е само врвот на ледениот брег, изјави денеска европската комесарка за внатрешни работи Илва Јохансон. Таа презентираше предлози за промени во европските правила за да се постигне подобра борба против оваа појава. Според податоците на ЕК, штетата предизвикана од трговијата со луѓе […]

Наскоро договор во ЕУ за ограничување на цената на гасот


Договорот за ограничување на цената на гасот во Европската унија е на дофат, изјави денеска комесарката за енергетска политика на Унијата Кадри Симсон. – Цврсто верувам дека договорот е на дофат. Се разбира, тоа бара многу силен дух на компромис од сите, рече Симсон по пристигнувањето во Брисел на состанокот на министрите за енергетика на […]

Приведен крадец од Тетовско, одземеното вратено на сопственикот


Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 12:40 часот, го лишиле од слобода Е.И.(23) од тетовска Голема Речица. Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека претходно извршил кражба во селото, а одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Е.И. ќе следува соодветен поднесок.

Маск ја укина суспензијата и им ги врати налозите на Твитер на американските новинари


Сопственикот на социјалната мрежа Твитер, Илон Маск објави дека ја укинува суспензијата и ги враќа налозите на американските новинари на социјалната мрежа. „Луѓето зборуваа. На налозите што ја објавија мојата локација ќе им биде укината суспензијата“, напиша Маск на Твитер доцна синоќа. Европската унија вчера се закани со санкции против Маск, а Обединетите нации предупредија […]

Приведено едно лице во Куманово затекнато во обид за кражба


Кумановската полиција вчера попладнето ја лишила од слобода М.З.(24) од Куманово, која била затекната во обид да одземе предмети во куќа на улицата „Братство Единство“ Куманово. Како што информираат денеска од МВР, М.З. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Јавен повик за нова кредитна линија за компании погодени од енергетската и ценовната криза


  Микро, мали и средни компании, трговци поединци и занаетчии погодени од енергетската и ценовната криза од 26 декември 2022 година ќе можат да аплицираат за средства од новата кредитна линија наменета за обртни средства. Јавниот повик ќе трае 15 дена, а барањето за кредит субјектите може да го достават електронски на посебна е-маил адреса. […]

Во силни турбуленции на авион над Хаваите повредени 11 лица


  Силни турбуленции го потресоа летот од Феникс, Аризона, до Хонолулу на хаваите во неделата, при што тешко беа повредени 11 лица во, како што официјален претставник на „Хаваиан ерлајнс“ го нарече изолиран и необичен настан. Џон Снук, главен оперативен директор на авиокомпанијата, рече дека авиокомпанијата не доживеала „инцидент од ваква природа во поновата историја“. […]

Во петок ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


  На 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка. На сесијата ќе биде презентиран трудот: „Оценка на кредитниот јаз со примена на мултиваријационен Ходрик-Прескот филтер. Случајот на Северна Македонија“ од Магдалена Петровска, Елена Мучева Михајловска и Артан Сулејмани. По […]