„Антолог“ ја објави книгата „W“ од Игор Штикс


Во рамките на проектот „Создадено во Европа: Моќта на рзличноста“, издавачката куќа „Антолог“ ја објави книгата „W“ од Игор Штикс. Книгата „W“ ја раскажува приказната на самиот Игор Штикс, левичарски интелектуалец кој по повеќе од дваесет и пет години се враќа на Јадранот за читањето на тестаментот на Валтер Штиклер, конзервативен француски филозоф кој под […]

Светските медиуми го слават Меси, но и Мбапе


По аргентинскиот триумф на Светското фудбалско првенство, меѓународниот печат ја слави волшебната генијалност на Лионел Меси, но не ја заборава ниту другата ѕвезда на вчерашното епско финале, феноменалниот Килијан Мбапе. „Лионел Меси го закачи своето знаме на врвот на Еверест“, наведува британскиот весник Тајмс, додавајќи оти аргентинскиот капитен, кој постигна два гола во финалето, „сега се вбројува […]

Црн мраз во Германија издадени предупредувања, откажана наставата


  Црн мраз, кој се појавува на патиштата и плочниците, прави проблеми низ цела Германија. Метеоролозите издадоа предупредувања за речиси цела земја, се откажува наставата, има прекин во воздушниот и железничкиот сообраќај, а на патиштата дојде до голем број сообраќајки во кои има и загинати. Издадени предупредувања Германската метеоролошката служба издаде предупредувања за опасни временски […]

„Исток“- новогодишен гала концерт на Филхармонија 


Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток, 22 декември, ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“ (арх.-извор). Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска (Македонија/Австрија) и баритонот Иван Наумовски (Македонија/Австрија). Како што соопштија од Филхармонија, на програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде […]

Промоција на избраните дела во десет томови од Раде Силјан


Во уметничката галерија при Домот на културата „Ацо Шопов“ од Штип утре на пладне ќе се одржи промоција на Избраните дела во десет томови од современиот македонски писател, Раде Силјан. Книгите се проследени со толкувања од Гане Тодоровски, Матеја Матевски, Витомир Митевски, Луан Старова, Паскал Гилевски, Гоце Смилевски, Санде Стојчевски, Стефан Влахов-Мицов, Сретен Перовиќ, Думитру […]

Судскиот совет денеска на итна седница ќе расправа за случајот „Таргет – тврдина“


Судскиот совет на Република Северна Македонија денска ќе одржи седница на која ќе расправа по изнесените информации во јавноста за постапувањето на Апелациониот суд Скопје по предметот познат како „Таргет-Тврдина“, како и по други премети од интерес за јавноста кои се на надлежно постапување во Апелациониот суд Скопје. Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева во […]

Кралот Александар сакаше да ја ампутира Хрватска


Егзекуцијата на хрватските претставници во Народното собрание и на Стјепан Радиќ беше подготвувана во јавното мислење. Таа беше широко прифатена како почеток на крајот на Југославија. Ова дури ќе го доведе кралот Александар до идеја за ампутација на Хрватска Латинка Перовиќ, која почина на 12 декември 2022 година на 89 години, е последната, така да […]

(Видео) Москва ја достигна 1941 година – рекордно висок снег


  Висината на снегот во москва денеска е 34 см, со што е достигнат дневниот рекорд од 1941 година, соопшти Михаил Леус, водечки стручњак на метеоролошкиот центар Фобос. Утринава, висината на снежната покривка во Москва, на главната градска метеоролошка станица достигна 34 см – што е најмногу од почетокот на зимата и повторување на дневниот […]

По загубеното финале во Катар, во Франција уапсени 227 лица, од кои 47 во Париз


Вкупно 227 лица се уапсени во Франција, од кои 47 во Париз и неговата околина, за време на судирите по завршувањето на финалето на Светското првенство во фудбал во Катар, во кое Аргентина го освои првото место победувајќи ги „триколорите“, јави дописникот на МИА. Како што соопшти француското МВР, околу 14.000 полицајци и жандарми беа […]

Киев под жесток напад со дронови – експлозии во центарот на градот


  Најмалку две силни експлозии одекнаа во главниот град на Украина во раните утрински часови. Надлежните тврдат дека Киев е погоден од низа руски дронови од иранска изработка. Повеќе локални извори известија за експлозии во центарот на Киев. Неколку гласни експлозии се слушнаа и во околината на градот, јавија сведоци за „Ројтерс“. Забележан е пожар […]

19 декември во историјата – Импичмент за претседателот Бил Клинтон за аферата со Моника Левински


  По речиси 14 часа дебата, Претставничкиот дом на САД на 19 декември 1998 година одобри два члена за импичмент против претседателот Бил Клинтон, обвинувајќи го за лажење под заклетва пред федералната голема порота и попречување на правдата. Клинтон, вториот претседател во американската историја кој е отповикан, вети дека ќе го заврши својот мандат. Во […]

(Видео) Како аргентински коментатор го проследи последниот пенал против Франција


На аргентинските коментатори не им беше лесно да го гледаат изведувањето на последниот пенал против Франција. Особено што треба пред целата нација да се коментира натпревар кој донесе толкуу пресврти. Дали треба да се контролираат емоциите? За Аргентинците, веројатно не, бидејќи тие не би биле тоа што се без нивниот темперамент. Тоа го потврди и […]

Зеленски: Украина е подготвена за секакви одбранбени сценарија


Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата изјави дека „постојан приоритет“ е заштита на државната граница и оти Киев е подготвен за сите можни сценарија со Русија и нејзината сојузничка Белорусија. – Заштитата на нашата граница и со Русија и со Белорусија е наш постојан приоритет. Се подготвуваме за сите можни одбранбени […]

По 18-месечна истрага, денеска ќе бидат објавени заклучоци за упадот на Капитол


Вашингтон, 19 декември 2022 (МИА) – По 18-месечна истрага, парламентарната анкетна комисија за упадот на Капитол денеска ќе ги објави своите заклучоци и се очекува да гласа дали да препорача Доналд Трамп и некои од неговите соработници да бидат кривично гонети. Нејзините членови, седум демократи и двајца републиканци, ќе одржат јавен состанок во 13 часот […]

Киев до Кисинџер: Секој договор со ѓаволот или мир на сметка на украинската територија е победа на Путин


Владата во Киев ги отфрли коментарите на поранешниот шеф на американската дипломатија Хенри Кисинџер и нагласи дека не може да има договор со Русија што вклучува отстапување на украинска територија. Кисинџер вчера изјави дека е дојдено време за завршување на конфликтот во Украина и седнување на масата за преговори со цел да се намали ризикот […]

Британскиот премиер најави испорака на големо количество артилериска муниција во Украина


  Британскиот премиер Риши Сунак, денеска за време на состанокот со лидерите на Северна Европа, Балтикот и Холандија во Латвија, треба да најави испорака на големо количество артилериска муниција во Украина. За време на состанокот во Рига ќе се разговара за тековните напори за спротивставување на Русија во нордиските и балтичките региони. Во Латвија, Сунак […]

Во Белорусија почна воена вежба на руската армија


  Руските трупи што во октомври беа прераспоредени во Белорусија, со цел да станат дел од регионална формација, денеска изведуваат баталјонски тактички вежби, соопшти руското Министерство за одбрана. Но, во соопштението не е наведено каде ќе се одржи воената вежба. Белоруското Министерство за одбрана во октомври објави дека 9.000 руски војници се распоредени во земјата […]

Петмина загинати во пукање во предградие на Торонто


  Најмалку пет лица загинаа, а едно е рането во престрелка во предградие на Торонто, во источна Канада, соопшти утринава полицијата. Се верува дека осомничениот напаѓач е убиен во пресметката со полицијата која дошла на повик за помош, изјави за новинарите шефот на локалната полициска служба. Истрагата за убиствата е во тек. Во моментот на […]

Осум поштенски оператори годинава отпаднаа од пазарната трка


  Осум лиценцирани даватели на поштенски услуги престанале да работат на поштенскиот пазар од почетокот на годинава, а прогнозите на регулаторот се дека на почетокот на следната година ќе престанат да функцинираат уште неколку. Намалената економска активност на стопанството воопшто, како и зголемените трошоци за енергенси во структурата на цените на поштенските услуги, ја намали […]

Маск ги праша корисниците на Твитер дали треба да се повлече од функцијата шеф на компанијата


Милијардерот Илон Маск објави анкета на Твитер во која ги прашува корисниците дали треба да се повлече од функцијата извршен директор на компанијата и побара од луѓето да гласаат. Тој порача дека ќе се придржува до резултатите од анкетата. Во неколку објави по анкетата, Маск посочи дека е сериозен околу повлекувањето од функцијата шеф на […]