Најмалку две лица се повредени во нападот со дронови врз Киев


  Во синоќешните руски напад со дронови врз Киев повредени се најмалку две лица и оштетени се инфраструктурни објекти и приватни домови. Началникот на градската воена управа на Киев, Сергиј Попко изјави дека во воздушниот простор на Киев забележани се повеќе од 20 дронови, а околу 15 уништила противвоздушната одбрана. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко […]

Тајландски воен брод потона, спасени 75 морнари, по 31 се трага


  Бродови и хеликоптери трагаат по десетици морнари откако тајландски воен брод потона синоќа во Тајландскиот залив. Досега се спасени 75 морнари, а по 31 се уште се трага, соопшти воената морнарица. Силните ветрови ја поплавиле корветата ХТМС „Сухотаи“ и предизвикале прекин на електричната енергија. Кралската тајландска морнарица испрати три фрегати и два хеликоптера со […]

Северна Кореја тврди дека тестирала шпионски сателит


  Севернокорејската државна новинска агенција КЦНА синоќа објави дека Пјонгјанг извршил „важна, последна фаза“ од тестирањето за развој на шпионски сателит. Веста на КЦНА уследи откако армијата на Јужна Кореја и на Јапонија објавија дека Северна Кореја лансирала две балистички ракети со среден дострел кон морето во близина на источниот брег на Корејскиот Полуостров. Националната управа за […]

Регионална конференција по повод 21 Декември, празник на Турците во Северна Македонија


Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и Фондацијата ЕКАЈ денеска со почеток во 11 часот во Скопје ќе одржи Регионална конференција на тема „Како до подобра заштита на малцинствата од дискриминација“ по повод 21 Декември, празник на Турците во Република Северна Македонија. На конференцијата воведни излагања ќе имаат Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за […]

Премиерот Ковачевски и министерот Бочварски во Пробиштип


  Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска ќе присуствуваат на доделувањето на социјалните станови на граѓани во Пробиштип преку Програмата за ранливите категории на граѓани. Како што соопштија од владината прес- служба, премиерот Ковачевски и министерот Бочварски, предвидена е потоа да ја посетат и компанијата „ТАБ МАК“, каде […]

Радев најави дека по Нова година ќе го врачи мандатот за формирање на влада


  Претседателот на Бугарија, Румен Радев најави дека по Нова година ќе и го предаде вториот мандат за формирање влада на втората по големина партија во Народното собрание – „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија. Радев вчера учествуваше на традиционалниот ритуал на палење свеќите на Фестивалот на светлината – Ханука, што се […]

Презентација на плановите за развој на Ски-центарот на Попова Шапка


Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и извршниот директор на компанијата ТехноАлпин, Ерих Гумерер денеска во Медиа центарот на Владата ќе одржат заедничка прес-конференција. Како што информираат од владината прес – служба, Нуредини и Гумерер ќе информираат за плановите за развој на Ски-центарот на Попова Шапка.

Промоција на активностите на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“


  Официјална промоција на активностите на Поткомитетот „НАТО и бизнис заедницата“ во рамки на проектот „МКД НАТО 2030“ во функција на македонската економија“ ќе се одржи денеска во просториите на Стопанската комора на Северна Македонија. Како што е најавено, на настанот ќе се обратат министерката за одбрана Славјанка Петровска, во име на претседателот на Поткомитетот […]

Дополнетиот предлог на Буџет за 2023 на пленарна собраниска седница


  Собранието денеска ќе ја одржи 97. седница на која на дневен ред е Дополнетиот предлог буџет на Република Северна Македонија за 2023 година. Дополнетиот предлог на буџет е нов интегрален текст во кој Владата ги вградила прифатените амандмани и потребните измени и дополнувања на Предлог буџетот. Инаку, амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2023 година […]

За што сè е добро еспресото?


Веќе е познато дека кафето ни дава енергија, а тоа особено важи за еспресото. Но, малку е познато за што друго е корисно ова кафе. Еспресото е добро за долгорочната меморија Овој пијалок може да ја подобри вашата долгорочна меморија. Невролози од Универзитетот во Калифорнија спроведоа студија во која открија дека две шолји еспресо позитивно […]

Меси: Навистина сакав да победам, но зошто облече црна наметка?


Капитенот на Аргентина, Лионел Меси зборуваше за освојувањето на Светското првенство во 2022 година. – Неверојатно е што сето тоа се случи на ваков начин. Навистина сакав да победам. Знаев дека Господ ќе ми дозволи да го сторам тоа, го имав тоа чувство. Ајде да уживаме во победата сега! Ова е долгоочекуваниот пехар и еве […]

Макрон тешеше, Фернандез честиташе


Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на „триколорите“. – Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме, напиша Макрон на Твитер. Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во […]

Молдавија се ослободува од зависноста од рускиот гас


Молдавија постигна краткорочен енергетски договор кој ќе и помогне да се ослободи од зависноста од рускиот природен гас, соопшти вицепремиерот Андреј Спину. Таа поранешна советска република традиционално беше во голема мера зависна од рускиот гас, пренесува Независне новине. Спину рече дека државната гасна компанија Молдовагаз овој месец ќе купи 100 милиони кубни метри гас од […]

Го нападнал татко си и кршел низ дома


Во саботата,  во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Д.Т.(42) од Струмица затоа што околу 21.00 часот во семејниот дом, по кратка расправија, се обидел со остар предмет да го нападне неговиот татко, а оштетил и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде […]

Врачен орденот „Свети Никола“ на поетот Михаил Ренџов


Поетот Михаил Ренџов вечерва на свечената академија во соборниот храм „Свети Никола“ го прими орденот „Свети Никола“, што Општина Штип го доделува по повод 19 декември – патрониот празник на градот. Ренџов истакна дека никогаш се нема откажено од својот роден град, како и од заштитниците на Штип. -Имам 87 години, тешко ми е да […]

Меси најдобар фудбалер, Мбапе прв стрелец


Аргентинскиот капитен Лионел Меси, кој вечерва ја предводеше својата репрезентација до титулата светски првак, е прогласен за најдобар фудбалер (МВП) на Мундијалот 2022 во Катар. Меси, кој претходно навести дека ова ќе му биде последен Мундијал, вечерва со два гола ја предводеше Аргентина до триумф во големото финале над Франција на пенали со 4-2 (2-2) […]

„Да го славиме животот“ – во Скопје се одржа првиот Розов базар за подигање на свеста за ракот на дојка


Здружението ЕЗРА, денеска во Скопје го организираше првиот ПИНК БАЗАР под мотото „Да го славиме животот“. Настанот беше организиран како интерактивна платформа која им овозможи на посетителите да добијат едукативни материјали на информативните штандови, можност да научат основни техники како да направат самопреглед на дојките, совети од докторите за симптимите и дијагностиката, но воедно понуди […]

Меркел гледа сличности меѓу политиката и опера од Вагнер


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел рече, во поткаст објавен денеска, дека гледа паралела меѓу операта „Престен Нибелунга’ на композиторот Рчард Вагнер и политичкиот живот. Во поткастот „Зборуваме ли за убиство?!“ на германската јавна телевизија SWR, Меркел не зборуваше за вистински злосторства, туку за криминалните случаи во четириделната опера на Ричард Вагнер „Престен нибелунга“. Има кражби, […]

Се степале вработени во ЈСП


Ноќеска во 00.30 часот во СВР Скопје, И.Б.(54) од с.Арачиново, скопско и З.Ј.(48) од Скопје, двајцата вработени во ЈСП, пријавиле дека во кругот на ЈСП биле физички нападнати од нивниот колега З.Г.(56) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Путин: Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро


Промените кои се во тек во Русија и во целиот свет сè на подобро, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање на Првиот конгрес на руското движење на деца и млади. „Не само Русија минува низ големи промени во моментов, туку и целиот свет се менува. Верувам дека овие промени се на подобро“, […]