Макрон тешеше, Фернандез честиташе


Францускиот претседател Емануел Макрон излезе на теренот по финалето на Светското првенство за да им даде поддршка на „триколорите“.

– Ова е тимот што ни овозможи да сонуваме, напиша Макрон на Твитер.

Аргентина вечерва стана светски шампион, победувајќи ја француската селекција (3:3, 4:2 – на пенали) во финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.Репрезентацијата на Аргентина го освои Светското првенство во организација на ФИФА по трет пат во историјата.

Франција остана на двете титули освоени во 1998 и 2018 година.

Варан: Еден час не бевме во игра, се вративме и можевме да победиме

Францускиот дефанзивец Рафаел Варан ги сумираше впечатоците од вечерашното финалето на Светското првенство 2022 против Аргентина (3:3, 2:4 – на пенали).

– Многу сме разочарани. Ги дадовме сите сили, не се откажавме. Денеска бевме надвор од игра еден час. Но, се вративме и можевме и да победиме. Горд сум на овој тим кој се одликува со цврстина, единство и верба во победата. Ова ни овозможи да стигнеме до финалето. Но, ова не беше доволно за победа, изјави Варан за „L’Equipe Варан“.

Аргентина водеше со 2:0 до 80. минута, потоа во продолженијата имаше предност и од 3:2, но на крајот сепак пеналите го решија победникот.

Варан беше сменет во 113. минута и немаше можност да учествува во изведувањето пенали.

Претседателот на Аргентина им честиташе на сонародниците за освојувањето на Светското првенство во Катар

Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез им се заблагодари на играчите на репрезентацијата за освојувањето на Светското првенство во Катар.

– Благодарам на играчите и на стручниот штаб. Вие сте пример дека не треба да се откажуваме, дека имаме голем народ и голема иднина, напиша тој на Твитер.

Репрезентацијата на Аргентина вечерва ја победи француската селекција по изведување пенали и стана победник на Светското првенство во Катар.

Репрезентацијата на Аргентина по трет пат го освои Светското првенство. Претходно, Аргентинците го освоија Мундијалот во 1978 и 1986 година.