Меркел гледа сличности меѓу политиката и опера од Вагнер


Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел рече, во поткаст објавен денеска, дека гледа паралела меѓу операта „Престен Нибелунга’ на композиторот Рчард Вагнер и политичкиот живот.

Во поткастот „Зборуваме ли за убиство?!“ на германската јавна телевизија SWR, Меркел не зборуваше за вистински злосторства, туку за криминалните случаи во четириделната опера на Ричард Вагнер „Престен нибелунга“.

Има кражби, разбојништва, силувања…

„Несомнено има усмртување, убивање во „Престен“, Попатно, има и кражби, разбојништва, силувања, инцест и кражби“, рече еден од водители сумирајќи го долгиот список на злосторства во Вагнерпвата тетралогија која е составена од „Рајниното злато“, „Валкира“, „Зигфрид“ и „Самракот на боговите“.

„Со се се занимава од перспектива на човечките сили и слабости кои ги има секаде во светот“, рече Меркел во криминалистичкиот поткаст. Не сакаше да спомнува имиња, но одредени мотиви повремено препознаваше.

„Добра политика е да не си допуштите да ве водат слабости“

„Јасно е дека постојат повреди во политиката“, рече Меркел. На пример, за неа ни малку не била лесна ситуацијата да ја изгуби трката за канцелар на Германија во 2002 година, во која ја порази тогашниот водач на нејзината партија Едмунд Стојбер.

„Но, добра е политиката, а јас тоа се обидував, да не си допуштите себеси да ве водат слабости, туку со нив да се носите и да почнете од почеток“, вели Меркел.

„Ако сте под толкаво влијание на одмазда да не можете тоа да го исфрлите од главата, тогаш не треба да се занимавате со политика“, рече таа. Меркел зборуваше за суетата, особина која не ѝ е непозната.

„Да се тврди дека некој е потполно чиѓен од суета, тоа не би го рекла ни за себе. Суетата е нешто ѓто е својствено на човечките битија. Но, мора да се заузда“, вели Меркел.

Меркел е голем обожавател на Вагнер

Меркел учествуваше во поткастот со поранешниот сојузен судија Томас Фишер и водителот Холгер Шмит, на тринеделниот божиќен специјал за вистински злосторства.

„Сега можам да учествувам во формати во кои порано можев само многу, многу ретко“, рече поранешната членка ја Христијанко-демократската унија ЦДУ во поткастот.

Сака да оди во спротивна насока и додаде дека тоа сега е дел од нејзината новооткриена слобода.

Меркел е голема обожувателка на Вагнер и редовно го следи фестивалот во Бајројт. Отворањето на фестивалот секогаш бил еден од ретките пригоди во годината кога би се појавила на црвениот тепих со сопругот Јоаким Зауер, со кој ја дели страста кон Вагнер. Поради тоа Сауер го викаа и „фантомот од операта“.

Додека повеќето славни личности и политичари го напуштаа театарот по Бајројт фестивалот по отворањето, Меркел и Зауер обично остануваа подолго во северниот баварски град за да ги гледаат и другите претстави. Фестивалот традиционално беше најава за почетокот на летувањето на брачниот пар Меркел – Зауер.