(Видео) Москва ја достигна 1941 година – рекордно висок снег


 

Висината на снегот во москва денеска е 34 см, со што е достигнат дневниот рекорд од 1941 година, соопшти Михаил Леус, водечки стручњак на метеоролошкиот центар Фобос.

Утринава, висината на снежната покривка во Москва, на главната градска метеоролошка станица достигна 34 см – што е најмногу од почетокот на зимата и повторување на дневниот рекорд за висина на снежниот покривач поставен на 19 декември 1941 година, напиша Леус на Телеграм.

За потсетување, висината на снегот во Москва во неделата беше критична, затоа што само во саботата паднаа речиси 30 отсто од месечните количини врнежи. Поради тоа бројни летови на московските аеродроми „Шереметјево“, „Внуково“, „Жуковски“ и „Домодедово“ беа откажани.