(Видео) Како аргентински коментатор го проследи последниот пенал против Франција


На аргентинските коментатори не им беше лесно да го гледаат изведувањето на последниот пенал против Франција. Особено што треба пред целата нација да се коментира натпревар кој донесе толкуу пресврти.

Дали треба да се контролираат емоциите?

За Аргентинците, веројатно не, бидејќи тие не би биле тоа што се без нивниот темперамент. Тоа го потврди и видеото на коментаторот кој едноставно експлодира откако Гонзало Монтиел успешно го изведе последниот пенал на натпреварот.

Коментаторот почна да се гуши во еуфорија, како во сопствениот глас, така и во солзи, кои несомнено неконтролирано му течеа по лицето. Не е познато дали воопшто се обиде да се воздржи, бидејќи е во етерот, но тоа навистина не е важно.