Приведен крадец од Тетовско, одземеното вратено на сопственикот


Фото: Б. Грданоски

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера во 12:40 часот, го лишиле од слобода Е.И.(23) од тетовска Голема Речица.

Како што информираат денеска од МВР, тој се сомничи дека претходно извршил кражба во селото, а одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот. По целосно документирање на случајот против Е.И. ќе следува соодветен поднесок.