Минатиот месец пораснал бројот на акутни заразни заболувања, соопшти ИЈЗ


Минатиот месец во С. Македонија пријавени сe вкупно 1.133 заболени лица од акутни заразни заболувања (овчи сипаници, ентероколитиси, шуга, инфективна мононуклеоза, салмонелози, скарлатина, сифилис, бактериски алиментарни инфекции и интоксикации, вирусен хепатитис Б и вирусен хепатитис Ц). Ова го покажува последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Првите две најчести заразни заболувања (овчи сипаници и ентероколити), учествуваат со 91,2 […]

Собранието го донесе Буџетот за 2023 година


Собранието на Северна Македонија, попладнево, со 56 гласови  „за“, 30 „воздржани“ и еден „против“ го донесе Дополнетиот буџет за 2023 година. Министерот за финансии Фатмир Бесими пред гласањето за Буџетот се заблагодари на сите кои учествуваа во дебатата која според него дала резултати и посочи дека се прифатени неколку амандамни. Според Бесими, Буџетот е реален […]

Скопјанец со живеалиште во Франција се обидел да пренесе мигрантка од Конго


Денеска, околу 01.30 часот на патот од маала Чифлик кон маала Сланиште, с.Табановце, кумановско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот го лишиле од слобода С.С.(24) од Скопје, со живеалиште во Франција. Со него била пронајдена илегалната мигрантка С.К.(22) од Конго. По преземени мерки било утврдено дека за паричен надомест требало да ја […]

Русите го демолираат театарот во Мариупол, местото на стотици жртви (Видео)


  Руските власти почнаа да го демолираат разурнатиот театар во Мариупол, изјави помошник на прогонетиот украински градоначалник на градот. Петро Андриушченко ги обвини окупаторските власти дека се обидуваат да го прикријат убиството на стотици цивили кога зградата беше бомбардирана од руски воени авиони во март. Неодамна беше поставен параван околу разурнатиот театар. Видеото покажа како […]

Избран најубавиот гол на Мундијалот во Катар


Напаѓачот на бразилската репрезентација, Ричарлисон е стрелец на најубавиот гол на Мундијалот во Катар, соопштија од ФИФА после анкетата. Ричарлисон постигна фантастичен гол против Србија, кога со акробарски потег ја смести топката во голот иако беше завртен со грб кон голманот.

Се почитува договорот со „Гаспром“, проширувањето на гасоводот е да има и други учесници, вели Бислимоски


  Првите луѓе во енергетскиот секртор во земјава уверуваат дека гас ќе има и по 1 јануари годинава, кога се менуваат правилата за увоз на овој енергент, откако се зголеми моѓноста за транспорт на природен гас преку единствениот гасовод кој го има земјава, а доаѓа преку Бугарија. Најголем потрошувач на гас во државата е ТЕ-ТО […]

Погледнете како изгледаше симулациската вежба за евакуација во „Лазо Ангеловски“


Во средата, во  ООУ „Лазо Ангеловски“–Аеродром, беше реализирана симулациска вежба „Евакуација на ученици, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“. На вежбата учествуваа волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Град Скопје , ПСОН Аеродром, Противпожарна бригада Скопје, ДПД „Бајрам Мифтари“. Волонтерите заедно со доброволните пожарникари вршеа пребарување, евакуација […]

Наташа Пирц Мусар стапи на функцијата претседател на Словенија


Словенија– Наташа Пирц Мусар (54) денеска на свечена церемонија во претседателската палата ја презеде должноста петти претседател на Словенија. Во придружба на нејзиниот сопруг, како врховен командант на словенечките вооружени сили таа изврши смотра на почесната гарда. По цврениот тепих таа  дојде до палатата, каде нејзиниот претходник Борут Пахор кој десет години ја вршеше претседателската […]

Во Шпанија уапсен еден од десетте најбарани бегалци на ФБИ


Шпанија– Шпанската полиција соопшти денеска дека во Мадрид уапсила Новозеланѓанец осуден на доживотен затвор во САД за сексуални злосторства и педофилија, и посочи дека тој е меѓу десетте најбарани бегалци на американското Федерално истражно биро (ФБИ). Полицијата соопшти дека 40-годишниот Новозеланѓанец е уапсен откако вчера бил забележан во хотел во центарот на Мадрид, каде отседнал […]

Двајца Украинци нападнати на „Ленинова“


На 22.12.2022 во 23.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на ул.„Ленинова“, едно машко лице со остар предмет ги нападнало К.Т.(27) и К.А.(27) од Украина, по што им одзело лични предмети. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Премиерот ги посети децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести


Премиерот Димитар Ковачевски, денеска ги посети децата кои се лекуваат на хемато-онколошкото одделение на Клиниката за детски болести во Скопје и им подари новогодишни пакетчиња. Ковачевски на малите пациенти им посака што побрзо да ја победат болеста и да се вратат дома кај своите семејства. „Подароците се надевам дека ќе бидат од помош што полесно […]

Во сообраќајна несреќа со грчки туристички автобус во Букурешт загина едно лице, а тројца се сериозно повредени


Грција– Едно лице го загуби животот, а тројца се сериозно повредени во сообраќајната несреќа што се случи денеска во Букурешт со туристички автобус, во кој од Грција за Романија се превезувале 47 патници и еден возач, сите грчки државјани, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото […]

Нема вина во затворот во Струга за Сашо Мијалков, судските служби направиле превид


  Управата за извршување на санкциите смета дека не постои одговорност кај било кој вработен во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга во врска со постапката за спроведување на Сашо Мијалков од КПД Струга на повторено судење за случајот „Титаник 2“, бидејќи по вонредниот инспекциски надзор констатирано е дека не се работи за […]

И денеска дојава за бомби во 19 училишта во Скопје


Повторно дојава за поставени бомби добиле училишта во Скопје на своите меил адреси. Во моментот се врши евакуација на учениците и вработените, а полицијата ги проверува објектите.  Според она што го дознаваме, дојава има во средното училиште „Владо Тасевски“, а се чека потврда од МВР за тоа каде сѐ има дојава денеска.  Нови 19 дојави […]

МЖСПП: Сите мерни станици за квалитет на амбиентен воздух се во функција


Министерството за животна средина и просторно планирање  информира дека сите мерни станици од Државниот мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух се во функција но повремено податоците од одредени мерни места не се достапни. Имено заради застареност на серверска опрема што во изминатите месеци предизвикуваше повремени падови на системите, Министерството за животна средина и просторно […]

Бектеши и директорот на АД ЕСМ ги запознаа членките на Стопанската комора за снабдувањето со енергенси


  Министерот за економија Крешник Бектеши заедно со генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски денеска оствари работен состанок со компании – членки на Стопанска комора на Северна Македонија, информираат од Министерството за економија. Состанокот го водел Антони Пешев, извршен директор на Стопанската комора на Северна Македонија, а свое излагање имал и Кочо Анѓушев, претседател […]

Тројца загинати во пукањето во центарот на Париз


Три лица загинаа денеска по пукотница во центарот на Париз, соопштија обвинителите. Уапсениот по смртоносното пукање во Париз им бил познат на властите, јавуваат медиумите во Париз. Радиото Франс Инфо, повикувајќи се на полициски извори, јави дека е осомничен 69-годишен маж кој бил познат по два претходни обиди за убиства. Весникот „Паризиен“ објави дека Французинот […]

Јовановски: УЈП утврди долг кон „Слобода превоз“ повеќе од милион евра


Приватните превозници се повлекоа од улиците на Скопје, откако добија ветување од премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски дека ќе имаат средба, а сега тврдат дека Управата за јавни приходи (УЈП) го утврдила долгот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) – „Скопје“. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска претходно негираше дека ЈСП „Скопје“ имаат долг кон приватните […]

Битиќи за „Окта“: Владата се справува со последиците од нечие неразумно работење


Владата се справува со последиците од неразумното и неодговорното работење на некого. Оштетата што треба државата да ја плати за случајот „Окта“ не е конечна, има процес во којшто двете страни можат да влезат во преговори, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во врска со пресудата на Арбитражниот суд во Париз. – За […]

Инспекторите за животна средина изрекле казни од 300.000 евра


Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) во периодот јануари-ноември има реализирано 1928 инспекциски надзори, што е надминување за 20,9 отсто во однос на планираното. Изготвени се 393 решенија, а изречени се 63 прекршочни санкции и една кривична пријава, при што во буџетот на државата се влеани над 300.000 евра од изречени казни и спогодби со […]