Погледнете како изгледаше симулациската вежба за евакуација во „Лазо Ангеловски“


Од симулациската вежба за евакуација

Во средата, во  ООУ „Лазо Ангеловски“–Аеродром, беше реализирана симулациска вежба „Евакуација на ученици, персонал и повредени во случај на земјотрес и пожар“.

На вежбата учествуваа волонтери од Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на Град Скопје , ПСОН Аеродром, Противпожарна бригада Скопје, ДПД „Бајрам Мифтари“.
Волонтерите заедно со доброволните пожарникари вршеа пребарување, евакуација и спасување на повредените во училиштето, а потоа волонтерите обучени за прва помош заедно со одговорните наставници по прва помош од училиштето пружија прва помош на повредените, додека доброволните пожарникари го гасеа симулираниот пожар во училиштето.

Ваквите вежби се прават со цел да се вежбаат процедурите за евакуација и спроведување на интерниот план за заштита и спасување од елементарна непогода.