Избран најубавиот гол на Мундијалот во Катар
Напаѓачот на бразилската репрезентација, Ричарлисон е стрелец на најубавиот гол на Мундијалот во Катар, соопштија од ФИФА после анкетата.
Ричарлисон постигна фантастичен гол против Србија, кога со акробарски потег ја смести топката во голот иако беше завртен со грб кон голманот.