И денеска дојава за бомби во 19 училишта во Скопје


Од проверката на гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје на 15 декември (Фото: Б. Грданоски)

Повторно дојава за поставени бомби добиле училишта во Скопје на своите меил адреси.

Во моментот се врши евакуација на учениците и вработените, а полицијата ги проверува објектите. 

Според она што го дознаваме, дојава има во средното училиште „Владо Тасевски“, а се чека потврда од МВР за тоа каде сѐ има дојава денеска. 

Нови 19 дојави за бомби пристигнале на електронските адреси во скопските средни училишта попладнево. Меѓу нив се и гимназиите „Ѓорѓи Димитров“, „Јосип Броз Тито“ и „Орце Николов“.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од полицијата.

Лажни дојави за бомби стигнуваат на адресите на училиштата веќе три месеци. Последната беше вчера.