Пратениците поделени и на последниот ден од расправата по Предлог-буџетот за 2023


  Пратениците денеска последен ден расправаат за Дополнетиот предлог-буџет за 2023 година. И на последниот ден од расправата за овој стратешки документ, власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања. Власта со аргументи дека со Предлог-буџетот ќе се ублажат последиците од глобалната енергетска и економска криза, непречено ќе се финансираат евроинтегративните процеси на државата и ќе се […]

ЕјџТек Груп ќе го проширува развојниот центар во Скопје, инвестиција од 4,5 милиони евра и нови 170 работни места


  Инвестиција од 4,5 милиони евра во развојниот центар во Скопје и отворање на нови 170 работни места во наредните пет години, најави денеска Директорот за финансии во групацијата ЕјчТек (HTEC), Мирослав Виријевиќ. За таа цел компанијата ќе добие и финансиска поддршка од државата.   „Квалитетот на луѓето кои ги затекнавме овде не уверува дека донесовме вистинска […]

Инфлацијата во САД продолжува да паѓа – дојде до 5,5 отсто


  Стапката на инфлација внимателно следена од Федералните резерви забави минатиот месец, што е уште еден знак дека долгиот пораст на потрошувачките цени се чини дека се намалува. Петочниот извештај на Министерството за трговија покажа дека цените се зголемиле за 5,5% во ноември во однос на претходната година, што е намалување од ревидираниот пораст од […]

37 милиони луѓе заразени со корона вирус во Кина за еден ден, јави Блумберг


  Дури 18 отсто од населението во Кина е заболено од Ковид-19. Ваквите проценки, пишува Блумберг, биле претставени на затворен состанок на Националната здравствена комисија. Според овие проценки, 37 милиони луѓе биле заразени со корона вирус за само еден ден на 20 декември. Во исто време, независни аналитичари неодамна го процениле приближниот број случаи на […]

Без вода утре дел од улицата „Јуриј Гагарин”


Поради уличен дефект ф 100 мм на ул.„Јуриј Гагарин” 54, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.„Јуриј Гагарин”. Како што информираат од ЈП Водовод и Kанализација-Скопје, прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 13:50 часот до санирање на дефектот.  

Петнаесетгодишен кавадарчанец обвинет за пријавувањето бомби


  Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал денеска до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кавадарци, за сторено кривично дело „тероризам“, предвидено и казниво по член 394-б став 2 од Кривичен законик. Имено, […]

Преку „Отворен Балкан“ поактивно се промовира културата, наскоро се отвора КИЦ и во Белград


Северна Македонија е активна во однос на иницијативата „Отворен Балкан“, оцени министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, коментирајќи ги проектите од оваа област кои се реализираат преку иницијативата. Линк до целиот текст тука

„Макпетрол“ го демантира Бектеши – Не сме монопол за увоз на гас


  Компанијата „Макпетрол“ реагира на изјавата на министерот за економија, Крешник Бектеши, дека тие се монопол за увоз на гас, нагласувајќи дека во Македонија има повеќе од 40 компании во Македонија кои имаат лиценци за увоз на природен гас. „Оваа изјава, како и низа други коишто беа пласирани од негова страна, служат само за да […]

Надвор од кругот на ОХИС нема надминување на концентрациите на линдан


Согласно добиените мерења од акредитирана лабораторија, надвор од кругот на ОХИС во воздухот од испарувањата нема надминување на концентрациите на линдан што се дадени во планот за управување и негово отстранување од депонијата, изјави директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. -Во кругот на ОХИС има на една точка надминување на концентрациите. Таа точка […]

Украина ќе добие 2,65 милијарди долари помош од Холандија


Холандија ќе и обезбеди на Украина финансиска помош од 2,65 милијарди долари, соопшти холандската Влада. Средствата се наменети за воена помош, обнова на инфраструктурата и помош при истраги за потенцијални воени злосторства, нагласија од Владата. „Се додека Русија ја продолжува својата војна против Украина, Холандија ќе и пружи помош на Украина – воена, хуманитарна и […]

Поведена дисциплинска постапка за Вилма Русковска


  Јавното ибвинителство соопшти дека е покрената дисциплинска постапка за поранешната шефица на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска и уште две обвинителки. Според ЈО, трите обвинителки направите тешка дисциплинска повреда. „Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на јавен обвинител во вршење на јавнообвинителската функција при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија донесе […]

Со 813 илјади евра ќе се реконструира и санира Музејот на Македонија во 2023


„Во 2023 година започнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија, ( кој се наоѓа под Скопското кале) каде се наоѓаат етнолошката, археолошката и историската поставка на државата и бесценетата Галерија на икони, истакна денес на прес-конференцијата во Владата, премиерот Ковачевски во делот на инвестиции што ги предвидува предлог Буџетот за 2023 […]

Како Катар ја искористи „меката моќ“ да го добие Мундијалот


Светското првенство во Фудбал во Катар, популарниот Мундијал заврши. Меси и Мбапе, Аргентина и Франција, Хрватска и Мароко се искачија до врвовите на Олимп. Речиси еден месец уживавме во магијата на овој спорт. Меѓутоа зад нашата фудбалска пасија и емоции, зад фудбалската религија, постои цела Али Бабина пештера  исполнета со бројни волтеровски тајни, пароксизми, хиерархиски […]

АТУ отвори нов фри-шоп на Аеродромот во Скопје


На Меѓународниот аеродром „Скопје“ денеска беше отворена новата бесцаринска продавница на АТУ на површина од над 350 квадратни метри, за што директорот на компанијата Ерсан Арџак истакна дека станува збор на инвестиција од речиси половина милион евра, чија цел е да го дополни искуството на патиците при патувањето. – Денеска АТУ претставува глобален бренд што […]

Топланите може да користат мазут како резервен енергенс само 10 дена


Топланите „Запад“ и „Исток“ во Скопје во случај на недостиг на главниот енергенс – гасот, може да користат мазут како резервен енергенс во период од само 10 дена, а за негова понатамошна употреба потребна е согласност од Министерството за животна средина и просторно планирање, изјави денеска директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски. […]

Доделени признанија „Македонски квалитет 2022“


Десет домашни реномирани компании денеска го добија престижното признание „Македонски квалитет 2022“ кое го доделува Сојузот на стопански комори на Македонија под покровителство на претседателот нa државата. Признанијата ги доделија претседателот  Стево Пендаровски и претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски. Комисијата согласно прецизно воспоставените критериуми внимателно ги селектираше македонските претставници кои […]

Состојбата во основните обвинителства е загрижувачка, недостигаат 82 обвинители


Состојбата во Основните обвинителства е загрижувачка бидејќи тие се тие, кои ги продуцираат заостанатите предмети. Тие работат, но работат колку можат со бројот на обвинители кои го имаат. Во овој момент имаме 162 обвинители, од потребни 244, што значи 82 помалку, изјави денеска претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски. Сепак, нагласи Јолевски, тоа […]

Од Париз започнува одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов


Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешната прес-конференција во Владата информира дека наредната година преку низа активности ќе се одбележи стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. Таа кажа дека листата на активности најверојатно ќе се надополни. -Стогодишнината ќе се одбележи на највисоко централно ниво со вклученост и на претседателот на Република Северна Македонија, МАНУ […]

„Контактите“ на Мицкоски се регистрирани во Бања Лука со канцеларии во Белград, рече Пендаровски


  Приказните за „контактите“ што ги понуди Христијан Мицкоски, кои подоцна станаа „позиции“ за снабдување со гас и мазут, нагло стивнаа по краткотрајната бура во октомври што ја предизвика оваа понуда на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за вчера на два пати да се реактуелизираат. Но во разоткривачка смисла. Синоќа министерот за економија, Крешник Бектеши, во гостување […]