Со 813 илјади евра ќе се реконструира и санира Музејот на Македонија во 2023


„Во 2023 година започнува целосна реконструкција и санација на Музејот на Република Северна Македонија, ( кој се наоѓа под Скопското кале) каде се наоѓаат етнолошката, археолошката и историската поставка на државата и бесценетата Галерија на икони, истакна денес на прес-конференцијата во Владата, премиерот Ковачевски во делот на инвестиции што ги предвидува предлог Буџетот за 2023 година. 

-Оваа колекцијата на икони е најбројна од овој вид во земјата и содржи повеќе од 400 икони, кои што потекнуваат од почетокот на XIV век до средината на XX век. Со предлог Буџетот се предвидени 813 илјади евра за реконструкцијата и санацијата на овој објект којшто е заштитено културно добро и темелна институција. На овој начин ја осигуравме негова достоинствена заштита, како што доликува на институција од ваков вид“, истакна Ковачевски.