Советот на Град Скопје му додели 15 милиони денари помош на ФК „Вардар“


Советот на Град Скопје со 19 гласови „за“, пет „против“ и четири „воздржани“ денеска усвои амандман поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за доделување финансиска помош од 15 милиони денари на ФК „Вардар“. Градоначалничката Данела Арсовска оцени дека со оваа помош „ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите“ и ја повика Финансиската […]

Полска се подготвува да прими нов бран украински бегалци


Полска – Полска се подготвува да прими нов бран украински бегалци со приближувањето на зимските месеци и подготви „значително повеќе од 100.000“ места во прифатните центри, соопшти денеска министерката за интеграција Агњешка Шигај. Во изјава за Радио Плус, која ја пренесува ДПА, Шигај рече дека сè уште нема индикации за пораст на бројот на бегалци кои […]

Рама не гледа проблем за уставните измени, и тој ги признал Бугарите во Албанија


  Толку често комуницираме што заедно овде сме како дома, оцени денес премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференцијата со албанскиот премиер Еди Рама, по втората меѓувладина конференција што се одржа во Скопје. И двајцата мораа да се повторуваат – Ковачевски околу дилемата дали како ќе најде поддршка за уставните измени, а Рама околу отпорот во неговата […]

(Фото/Видео) Се запали камион кај Автокоманда


Попладнево на влезот во Скопје се запалил камион. Наши читетели ни испратија видео и фотографии од камионот во пламен. Од него се издига густ чад.  Во близина на хотелот „Континентал“ во Автокоманда попладнево е запалено товарно возило. На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје. Од […]

Бајден и Ши разговараа за Тајван во обид да избегнат „конфликт“


  НУСА ДУА, Индонезија – Претседателот Џо Бајден се спротивстави на „присилните и сè поагресивни акции“ на Кина кон Тајван и изрази загриженост за човековите права за однесувањето на Пекинг во Ксинџијанг, Тибет и Хонгконг за време на неговата прва лична средба во понеделникот со претседателот Ши Џинпинг, соопшти Белата куќа. Во изјавата за приближно […]

Курдската партија негира вмешаност во бомбашкиот напад во Истанбул


Курдската милитантна група ПКК негираше вмешаност во вчерашниот бомбашки напад во Истанбул, велејќи дека не врши напади врз цивили, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница денеска. „Не доаѓа предвид ние да насочиме напад врз цивили на кој било начин“, соопшти Курдската работничка партија (ПКК), отфрлајќи ги тврдењата на Турција дека таа и сириската […]

Уште еден советник го напушти ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, го снема мнозинството


  Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје се истенчи, а прашање е дали сега воопшто го има. Ирена Попова, советничка од ВМРО-ДПМНЕ од денеска ја напушти групата на партијата во Советот на Град Скопје и рече дека ќе дејствува како независна. За оваа одлука беше наградена со аплауз од градоначалничката Данела Арсовска. Попова […]

Морган Стенли: САД може да избегнат рецесија во 2023 година, но Европа не


  Економиите на Велика Британија и еврозоната веројатно ќе западнат во рецесија следната година, но САД би можеле за влакно да ја избегнат благодарение на отпорниот пазар на трудот, соопшти инвестициската банка Морган Стенли. Очекуваното повторно отворање на Кина по речиси три години задржување на Ковид 19 треба да резултира со закрепнување на нејзината економија, […]

Отворена Глобалната недела на претприемништво


  Педесет настани организирани од 40-тина партнери на теми од областа на пристапот до финансии, социјално претприемништво, образовни процеси за претприемачи и улогата на приватниот и на граѓанскиот сектор во поттикнување на претприемништвото ќе се одржат во рамки на Глобалната недела на претприемништвото (ГНП), чиј организатор во земјава од 2018 година наваму е асоцијацијата Стартап […]

Џеф Безос поголем дел од богатството ќе донира во хуманитарни цели


  Еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос изјави дека поголем дел од парите ќе ги донира во хуманирани цели. Неговот богатство е проценето на 124 милијарди долари. Во интервју за „Си-ен-ен“ порача дека поголемиот дел од богатството ќе го донира заборба против климатските промени и за оние, кои можат да ја обединат човечката […]

Со потпишаниот Договор со Албанија, 20 икони се враќаат назад во земјава


Договор за соработка за враќање на незаконски изнесени икони од земјата на потекло потпишаа министерките за култура на Република Северна Македонија и на Република Албанија, Бисера Костадиновска-Стојчевска и Елва Маргарити, како дел од меѓувладината седница на двете земји. – Со потпишувањето на овој Договор се отвора и ново поглавје во односите меѓу двете држави, особено во ефективната заштита на […]

Агелер: Државата и граѓаните направија повеќе од доволно за да ги отворат преговарачките процеси


Државата и граѓаните донесоа тешки одлуки и направија компромиси за да бидат дел од НАТО, а денес се пред нов предизвик со евроинтеграцискиот процес, забележа денеска американската амбасадорка во земјата Анџела Прајс Агелер на отворањето на меѓународната конференција „Објективот на младите за мир и помирување“ што се одржува во Охрид во организација на Младински сојуз […]

Џеф Безос ја награди Доли Партон со 100 милиони долари


САД- Основачот на „Амазон“ Џеф Безос ѝ додели награда од 100 милиони долари на кантри ѕвездата и филантроп Доли Партон. „Партон е жена која дава од срце и се води од љубов и сочувство во сите аспекти од својата работа. Едвај чекаме да ги видиме сите добри работи што ќе ги направите со наградата од […]

И Србија мака мачи со инфлацијата, во октомври се искачи на 15 отсто


  Цените на производите и услугите за лична потрошувачка во Србија во октомври 2022 година се зголемени во просек за 1,9 отсто во однос на септември, додека во однос на истиот месец лани се зголемени за 15 отсто, објави денеска Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, октомвриската инфлација во […]

Комеморација во чест на Благоја Иванов (1931-2022)


По повод смртта на македонскиот раскажувач, романописец, есеист, критичар и драмски автор и долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Благоја Иванов, во среда (16 ноември 2022 година) во 12 часот на Академската сцена на ФДУ ќе се одржи комеморација.  Комеморацијата ќе биде последна прилика за целиот колектив на Факултетот за драмски уметности, во името […]

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје одложен за идниот понеделник


 Советот на Јавни обвинители изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје го одложи за следната недела, в понеделник. Почетокот на денешната седумдесетта седница на Советот на ЈО, на чиј дневен ред, меѓу другото е и изборот на шеф на скопското Вишо јавно обвинителство, доцнеше час и половина, а кога стигна оваа точка, беше […]

Лавров во шорцeви негираше дека е во болница


Откако се појавија информации дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров е пренесен во болница по доаѓањето на Самитот на Г20 во Индонезија, портпаролката на министерството Марија Захарова ги демантираше наводите и објави видео од Лаворв на балон во хотел во Индонезија. Имено, откако се појавија информациите за наводна хоспитализација, Захарова „го посети“ […]

Ковачевски: Заедно ги почнавме преговорите со Албанија, заедно да ги завршиме


  Билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Албанија никогаш не биле подобри од тоа што се денес и слободно можеме да кажеме како два соседа може и треба да соработуваат, истакна премиерот Димитар Ковачевски во официјалното обраќање на денешната заедничка седница во Скопје на владите на Северна Македонија и на Албанија. „Не толку одамна целиот […]

Турција најавува одмазда по терористичкиот напад во Истанбул


  ИСТАНБУЛ – Турската полиција во понеделникот соопшти дека привела една Сиријка за која се сомнева дека е поврзана со курдски милитанти и дека таа признала дека поставила бомба што експлодирала на раздвижената пешачка авенија во Истанбул, при што загинаа шест лица, а неколку десетици други се ранети. Експлозијата во неделата се случи на авенијата […]

Цела Европа штеди, јавното греење на 19 Целзиусови степени


Сегашната поврзаност на проблемите – руско-украинската војна, инфлацијата, глобалниот недостиг од храна и енергија, должничките кризи во земјите во развој, како и долготрајните влијанија на исклучувањата поврзани со ковид-19 и тесните грла во синџирот на снабдување – можеби е најсериозната криза од сите нив, не само затоа што централните банки не можат да печатат пченица […]