Џеф Безос поголем дел од богатството ќе донира во хуманитарни цели


 

Еден од најбогатите луѓе на светот Џеф Безос изјави дека поголем дел од парите ќе ги донира во хуманирани цели. Неговот богатство е проценето на 124 милијарди долари.

Во интервју за „Си-ен-ен“ порача дека поголемиот дел од богатството ќе го донира заборба против климатските промени и за оние, кои можат да ја обединат човечката раса во соочување со длабоките општествени и политички поделби.

Како што објави Си-ен-ен, ова е прв пат Безос да изјави дека ќе го онира богатството. Критикуван е поради тоа што не ја поддржа капмањата Giving Pledge со која некои поединечни богаташи, некои од најбогатите луѓе на светот се обврзаа дека ќе го донираат своето богатство во хуманитарни цели.

Безос, кој е основач на компанијата „Амазон“, нагласи дека со партнерката Лорен Санчез работат на тоа да ги донираат парите. Според неговите зборови, градат капацитети за да бидат во можност да ги донираат парите. На прашањето дали тоа ќе го направи додека е жив, Безос потврди.