(Фото/Видео) Се запали камион кај Автокоманда


Попладнево на влезот во Скопје се запалил камион.

Наши читетели ни испратија видео и фотографии од камионот во пламен. Од него се издига густ чад. 

Во близина на хотелот „Континентал“ во Автокоманда попладнево е запалено товарно возило.

На терен интервенира Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, а сообраќајот е отежнат за излез од Скопје.

Од Противпожарната бригада повеќе детали најавуваат за подоцна. 

Попладнево, всушност, во скопската населба Автокоманда се запали камион на јавното претпријатие „Комунална Хигиена“.

Пожарот е изгаснат од страна на противпожарната бригада, која излегла на терен со 9 пожарникари (3 ПП возила) кои спречиле поголема штета.

Од таму велат дека се работело на комплексна интервенција.

„Камионот е грајфер кој што е товарен со картони, неговата шапа е заглавена, во моментот не е во функција. Се потрудивме и го локализиравме пожарот“, вели припадник на пожарна Скопје.