Лавров во шорцeви негираше дека е во болница


Откако се појавија информации дека министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров е пренесен во болница по доаѓањето на Самитот на Г20 во Индонезија, портпаролката на министерството Марија Захарова ги демантираше наводите и објави видео од Лаворв на балон во хотел во Индонезија.

Имено, откако се појавија информациите за наводна хоспитализација, Захарова „го посети“ Лавров на балкон од хотелот каде се подготвува за самитот Г20 што треба да почне во вторник.

„Сергеј, извинете, но пишуваат дека сте хоспитализирани?“, го прашува Захарова Лавров кој на терасата ја дочека со списи и документи, и во шорцеви и маичка.

„Претставниците на западните медиуми веќе десет години шират гласини за здравјето на претседателот Владимир Путин. Сѐ е тоа политичка игра. Им советувам на западните медиуми да бидат поискрени“, рече Лавров.

Инаку, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е на состанок на Г20 каде треба да го „замени“ претседателот Путин, кој порано одлучи дека нема да патува на состанокот.

Покрај доаѓањето на рускиот шеф на дипломатијата, поради ситуацијата на Украина и руската агресија, се очекува дека руските функционери самитот ќе го поминат поприлично дипломатски изолирани од повиканите од другите земји на светот кои во овој момент ја поддржуваат Украина.