Тајзи го најавува новиот албум со „Иронија“ (Видео)


За Денот на ослободувањето  во Куманово на плоштадот со публика од 30.000 луѓе, Тајзи оддржа концерт за паметење, каде што од бина го најави својот нов албум на кој работи периодов .По балканската преработка на револуционерната италијанска песна  „Бела Чао“ во која ја прикажува суровата реалност во која што живееме, денеска не изненади со уште една песна […]

Бесими-Нуредини – Обезбедена директна поддршка за општините од 50 милиони евра за инфраструктурни проекти


  Министерството за финансии и Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедуваат 50 милиони евра директна финансиска поддршка за општините во РС Македонија за реализација на проекти за подобрување на водната инфраструктура. Договорите за реализација на овој проект денеска беа потпишани од страна на министерот за финансии, Фатмир Бесими, потпретседателката на ЕИБ, Лилјана Павлова […]

Справување со кризата, фискална консолидација: Што содржи Предлог – буџетот за 2023


  Вкупните приходи на Буџетот за 2023 година се планирани на ниво од 282,1 милијарда денари и се за 14,8 отсто повисоки во однос на 2022 година, додека расходите се планирани на ниво од 324,8 милијарди денари или за 12,6 проценти повисоки во однос на 2022 година. Како што рече денеска министерот за финансии Фатмир […]

Петгодишно момче спасено под урнатините два дена по земјотресот во Индонезија


Петгодишно момче беше спасено од урнатините два дена по земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтер што ја погоди Западна Јава, при што загинаа најмалку 268 луѓе, изјави денеска пожарникар вклучен во спасувањето. – Момчето Азја утрово беше пронајдено живо под урнатините на куќа во селото Нагрек во областа Цианџур , околу 40 часа […]

Облачно до сабота, в недела дожд, снег на планините


До сабота ќе преовладува променливо облачно време, а утре ќе има појава на локален дожд. Утре и во петок долж Повардарието ќе дува засилен северозападен ветер. Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), за време на викендот температурата значително ќе се намали. В недела се очекува нов влажен бран со врнежи од дожд, а […]

Казна ќе плати правното лице за камионот што пропадна на плоштад


Возило на приватната компанија чиј камион неовластено влегол на плоштадот Македонија, по што причинил материјална штета – нема дозвола за движење на плоштадот, иако има поднесено такво барање, велат од Град Скопје.   – Возачот, странец, државјанин на Турција е приведен и изведен пред суд. За овој настан МВР ќе поднесе и соодветен поднесок. Градот […]

Завршува ремонтот во ТЕЦ „Неготино“, термоелектраната на мрежа на почетокот на декември


  Во ТЕЦ „Неготино“ завршуваат сервисните и ремонтните активности и електраната се подготвува за враќање на мрежа на почетокот на декември, соопштија од ЕСМ. Проверките и санирањата се изведуваат од страна на вработени во термоелектраната, домашни стручни лица и стручен тим од Украина, односно од производителот на опремата вградена при изградбата на ТЕЦ „Неготино“. Во […]

Алтернатива не ги дава министерските фотелји


Алтернатива не гледа никаква причина Алијанса за Албанците да стане дел од владиното мнозинство и нема намера да отстaпи министерство во полза на опозициската партија. Ако премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети договорат влез на Алијанса во Владата, СДСМ и ДУИ ќе треба да отстапат од своите ресори, вели за „Слободен печат“ […]

Достапна првата транша од 110 милиони евра од ПЛЛ аранжамнот од ММФ


Република Северна Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од вкупно одобрените од Меѓународниот монетарен фонд преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ). Средствата стануваат достапни откако Одборот на директори на ММФ ја одобри двегодишната програма на Република Северна Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност. -Политиките што ги спроведуваме овозможија […]

Работнички демонстрации во „Фокскон“, најголемата фабрика за ајфони во Кина


Во најголемата кинеска фабрика за „Ајфон“ (iPhone) , што е во сопственост на тајванскиот подизведувач „Фокскон“(Foxconn), денеска се организираа демонстрации, што можеа да се видат од снимките објавени на социјалните мрежи Веибо и Твитер. Сликите покажуваат голем број работници како шетаат по улица, а некои од нив стојат пред редот од лица во бели заштитни […]

Џафери негира дека јавното емитување на затворената седница со Димовски е начин да се спречи отчетот


  Собранискиот спикер Талат Џафер на брифинг со новинарите потврди дека ја суспендирал Комисијата за надзор на АНБ за отчетот на директорот Виктор Димовски за случајот Онишченко. Џафери вели нема услови комисијата да продолжи со рaбота додека не се утврди која била причината и дали некој е одговорен за безбедносниот инцидент кога тонски протече отчетот […]

Една жртва во денешните експлозии во Ерусалим


 Едно лице загина во експлозиите утринава на автобуски постојки во близина на два влеза во Ерусалим, наведува ДПА, додавајќи дека најмалку 18 лица се здобиле се повреди. Израелското воено радио извести дека експлозиите биле предизвикани од експлозивна направа. Претходно, палестински извори објавија дека во Наблус на Западниот Брег, застрелан е 16-годишен Палестинец. Изутринава имаше информации […]

Судот му го продолжи куќниот притвор на лицето кое нападна новинарска екипа


Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлогот на Основното јавно обвинителство – Скопје за продолжување на мерката куќен притвор за М.П., за кој постoи основано сомнение дека сторил кривично дело „насилство“, а поврзано со вербалниот и физички напад на новинарската екипа на ТВ 24, советот го прифати предлогот и ја продолжи мерката […]

Екстремистите на Балканот безбедносна закана и ризик за општеството


Додека во земјите од Европа и САД властите и безбедносните агенции ги прогласуваат екстремно десничарските организации за најголема безбедносна закана, во петте земји од Западен Балкан активностите на овие организации со меѓународни врски остануваат незабележани од властите, што претставува одреден ризик за општеството на овие земји во иднина.Екстремните десничарски групи на Балканот немаат пристап до […]

Анчелоти: Навивам за Канада на СП 2022 – ова е мојот втор дом


 Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти кажа за кого ќе навива на Светското првенство во Катар во 2022 година. – На Светското првенство ќе навивам за Канада. Таа не беше на Мундијалите многу години, а ова е мојот втор дом. Покрај ова, претседателот на Канадската федерација (претседател на КОНКАКАФ и потпретседател на ФИФА Виктор Монтаљани) […]

Мајките и сопругите на руските војници бесни на Путин: „Владимир Владимирович, кукавицо!“


  Советот на сопруги и мајки на организацијата на жени чии членови на семејството служат во руската војска биле инзненадени кога слушнале за планираниот состанок со претседателот Владимир Путин со неколку мајки на војници, на кој не била повикана ни една нивна членка, пишува независниот портал „Медуза3. Претседателката на Советот Олга Цуканова објавила видео во […]

Од фадо до труба: Заврши 14. Издание на Фестивалот на музика од светот во Битола


Синоќа во големата сала на Центарот за култура во Битола , кој е и организатор на овој необичен фестивал, со настапот на македонската група „Лилит“ заврши годинешното издание на овој фестивал кој го слави жанрот world music, еве веќе 14 години.   Жанр, кој добива на значење во последната деценија и на кого се посветени […]

Кејт Мидлтон на банкет со омилената тијара на принцезата Дајана


Англија– Принцезата од Велс блесна во дијамантската тијара што порано ја носеше принцезата Дијана, на свечениот банкет во Бакингемската палата чест на претседателот на Јужна Африка, Кирил Рамафоса.  На свеченоста во Багингемската палата, Кејт пристигна со принцот Вилијам, облечена во бела тоалета од Џени Пакам, а согласно протоколот за вакви настани, сите жени припаднички на […]

Грција и Египет потпишаа договор за соработка во воздухопловната и поморската потрага и спасување


 Меморандум за разбирање меѓу грчката и египетската Влада за соработка во областа на воздухопловната и поморската потрага и спасување, како и билатерален договор за 5.000 сезонски работници потпишаа во Каиро надлежните министри од Грција и Египет, јави дописничката на МИА од Атина. Министрите за одбрана на двете земји, Никос Панајотопулос и Мохамед Заки го потпишаа […]

ВМРО-ДПМНЕ го загуби мнозинството во Македонска Каменица


  ВМРО–ДПМНЕ, една година по локалните избори, го загуби мнозинството во Советот на Општина Македонска Каменица, соопштија од СДСМ. Двете партии имаат по четири советници, а има и тројца независни советници кои во Советот влегоа од две независни листи.Тројцата независни и четворицата од СДСМ, како што соопштија од партијата, го смениле и претседателот на Советот […]