Една жртва во денешните експлозии во Ерусалим


 Едно лице загина во експлозиите утринава на автобуски постојки во близина на два влеза во Ерусалим, наведува ДПА, додавајќи дека најмалку 18 лица се здобиле се повреди.

Израелското воено радио извести дека експлозиите биле предизвикани од експлозивна направа.

Претходно, палестински извори објавија дека во Наблус на Западниот Брег, застрелан е 16-годишен Палестинец.

Изутринава имаше информации дека најмалку 14 лица се повредени во две експлозии што во период од половина час одекнаа на две автобуски постојки во близина на влезот во Ерусалим.