(Во живо) Претседателот Пендаровски ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ќе го додели признанието „Успешни млади“ за 2021 година, како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. Церемонијата на доделување на признанието  се одржува во Кабинетот на претседателот. Проследете во живо:

Средба на министрите за земјоделство на Македонија и Бугарија


На покана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Скопје ќе престојува бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев. Според најавите на средбата на Николовски и Гечев ќе стане збор за конкретните чекори за спроведување на Меморандумот за разбирање, што двете министерства го потпишаа во јануари годинава. Денеска во Скопје ќе престојува […]

Развојна банка ги претстави можностите за кредитирање пред компаниите во Стопанската комора


  Во организација на Кризниот штаб при Стопанска комора на Северна Македонија и Развојна банка на Северна Македонија, вчера, пред 40-тина компании членки на комората, се одржа презентација во просториите на комората, со цел, одблизу запознавање на компаниите со производите кои ги нуди банката во услови на енергетска криза. Од страна на Развојна банка присуствуваа […]

Швајцарија се соочува со недостиг на лекови


Швајцарија се соочува со недостиг на некои лекови поради тешкотиите во синџирите на снабдување, предизвикани од мерките за сузбивање на Ковид-19 во Кина и војната во Европа, предупреди денеска фармацевтското здружение. – Најмногу проблеми имаме со лекови за деца, особено со сируп за намалување температура, изјави Енеа Мартинели од „pharmaSuisse“ за телевизијата СРФ. Како што […]

Кина објави рекордни 32.695 случаи на инфекција со корона вирус


Кина денеска пријави 32.695 случаи на заразени со коронавирус, не сметајќи ги увезените инфекции, што е нов рекорден број заразени со Ковид, објавија здравствените власти во земјата.   Од тој број, 3.041 пријавени случаи биле симптоматски, а 29.654 асимптоматски.   Овој рекорд следеше откако вчера беа регистрирани 31.144 случаи на заразени, што е најголем број […]

Црногорската министерка за европски прашања Јована Маровиќ поднесе оставка


Потпретседателката на црногорската Влада  и министерка за европски прашања со технички мандат, Јована Маровиќ, денеска поднесе оставка на функцијата. Маровиќ ја информирала претседателката на црногорскиот Парламент, Данијела Ѓуровиќ за нејзината оставка, јави подгоричкиот весник „Вијести“. Засега не се познати причините за оставката на Маровиќ.

Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час


Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација, објави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. -Ова е голема новина во царинското работење, која на економските оператори им овозможува огромно забрзување на постапката, заштеда на време и ресурси. Истовремено, со ова Царинската управа станува […]

(Видео) Необична туристичка атракција во Катар: Град на духови што мора да го напуштите пред зајдисонце


  Катар е во центарот на светското внимание, бидејќи деновиве, таму се одржува Светското првенство во фудбал. Неретко се зорува за туристичките атракции, а една од нив е и необичниот град на духови во пустината и го носи името Филм Сити. Филм Сити е изграден за потребите на снимањето на арапската серија „Еyaal Al Theeb” […]

По Кити, се мажи и Амелија Спенсер, другата внука на леди Дајана


Англија- Уште една семејна свадба во семејството Спенсер е на пат. Леди Амелија Спенсер, ќерката на братот на принцезата Дијана и помладата сестра на леди Кити Спенсер, треба да се омажи за нејзиниот вереник Грег Малет во 2023 година.   Малет, кој е професионалец за здравје и фитнес, сподели навестување за датумот во неодамнешната објава […]

„Тесла“ повлекува над 80.000 возила во Кина


Производителот на електрични возила „Тесла“ повлекува повеќе од 80.000 автомобили, поради проблеми со софтверот и безбедносните појаси, потврдија кинеските пазарно-регулаторни власти денеска. Производителот на електромобили со седиште во САД, повлече 67.698 автомобили „Модел С“ и „Модел Икс“ увезени во Кина меѓу 25 септември 2013 и 21 ноември 2020 година, поради софтверски проблеми што влијаат на […]

Меркел: Немав моќ да влијаам врз Путин


Германија- Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел изјави дека сакала да организира европски преговори со Владимир Путин една година пред неговата инвазија на Украина, но дека на крајот се откажала бидејќи не гледала можност да влијае врз рускиот лидер на крајот на нејзиниот мандат.   Меркел во интервју објавено за „Шпигел“ изјави дека таа и францускиот […]

Риби – голем годишен хороскоп за 2023 година


Годишниот хороскоп за Риби за 2023 година укажува дека годината што претстои ќе биде љубезна и позитивна. Можеби ве очекуваат важни точки за трансформација за успех. Некои ќе најдат среќа во љубовта, некои ќе најдат финансиска слобода, додека други ќе се пронајдат себеси. Рибите кои ја знаат својата сила можат да постигнат многу. Преку креативноста […]

Роналдо: Јас сум единствениот што постигнал гол на пет светски првенства по ред и горд сум на тоа


ОАЕ– Португалскиот фудбалски репрезентативец Кристијано Роналдо проговори за рекордот по голови на Светските првенства. Роналдо постигна гол на пет Мундијали ред. Против Гана вчера реализираше пенал на СП 2022 година. – Ова е одличен момент – гол на моето петто Светско првенство. Победивме, добро го започнавме турнирот. Многу важна победа. Знаеме дека во вакви натпреварувања клучна […]

Стојковиќ по поразот од Бразил: Во Катар дојдовме со бројни проблеми


ОАЕ– Селекторот на Србија, Драган Стојковиќ ги знае причините за поразот од Бразил (0:2) синоќа во 1. коло на Светското првенство 2022 година. – Знаеме кој е Бразил. Ние во Катар дојдовме со бројни проблеми, повреди на клучни играчи, во лошо време. Сето тоа беше видливо на теренот. Ние не сме Бразил со 200 милиони жители. […]

(Видео) Руски војник: Кога почна повлекувањето, нашите почнаа да пукаат во нас


  Група руски војници, мобилизирани од градот Серпухов, во близина на Москва, се пожалија дека се пратени во борба во близина на селото Мекиевка, во Луганск, ослободен од украинците овој месец, без сооветна обука и воена опрема и дека во текот на повлекувањето, нивните сили пукале кон нив. Во видео објавено на Телеграм канал, еден […]

Жртви на Џефри Епстајн тужат две големи банки


САД– Жени кои го обвинија Џефри Епстајн за сексуална злоупотреба, поднесоа тужби и против „Џ.П. Морган Чејс“ (JP Morgan Chase) и „Дојче банк“ (Deutsche Bank). Во обвинението на двете тужителки, се вели дека компаниите имале корист и заработиле од сексуалната трговија на Епстајн. – Епстин и неговиот круг на луѓе не можеа да извршат насилство врз […]

За една година 1,1 милиони луѓе мигрирале во Велика Британија


Рекорден број на луѓе изминатата година мигрирале во Велика Британија, покажуваат податоците на Заводот за национална статистика (ОНС). Во периодот од јуни 2021 до  јуни годинава во Велика Британија пристигнале 504.000 луѓе повеќе отколку што ја напуштиле земјата, со што е соборен рекордот од 390.000 од 2015 година. Во истиот период во Велика Британија мигрирале […]

Џенифер Гејтс и Најел Насар го очекуваат своето прво дете


САД– 25-годишната ќерка на милијардерот Бил Гејтс и поранешната сопруга Мелинда Френч Гејтс ја објави веста за бременоста во заедничка објава со нејзиниот 31-годишен сопруг. Покрај две слатки фотографии објавени на Инстаграм на Денот на благодарноста, тие напишаа: „Благодарност. 💚🍼“ Џенифер се омажи за Насар, олимписки јавач на коњ, во октомври 2021 година по речиси […]

Премиерот на Перу поднесе оставка откако парламентот одби да гласа за доверба на Кабинетот


Претседателот на Перу, Педро Кастиљо, ја прифати оставката на премиерот и најави реконструкција на владата, во мигови на изразени несогласувања меѓу извршната и законодавната власт во земјата. Поранешниот премиер, Анибал Торес, кој е верен сојузник на Кастиљо, минатата недела побара од Конгресот што е под контрола на опозицијата да гласа за доверба на владата. Но, […]

Десет мртви во пожар во станбена зграда во Кина


Десет лица загинаа, а девет се повредени во пожар во станбена зграда во Урумчи, главниот град на западниот кинески регион Синџијанг, јави државната телевизија CTV. Според телевизијата, причина за пожарот што избувна вчера на 15-ти кат од зградата, е неисправен електричен разводник. Британските медиуми пренесуваат дека деветмина повредени се задржани во болница поради труење со […]