Приватните превозници на средба во Советот на Град Скопје


Претставници од приватните превозници пристигнаа на средба во Советот на град Скопје на која очекуваат да се изнајде решение за проблемите со кои се соочуваат. Веќе петти ден овие превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг од Јавното сообраќајно претпријатие кон нив. Непосредно пред средбата, пред централата на Јавното сообраќајно претпријатие тие одржаа мирен протест барајќи […]

Русија потроши четвртина од својот буџет за војната во Украина


Украина– Русија од 24 февруари до денеска за војната во Украина потрошила 82 милијарди долари или четвртина од својот годишен буџет, проценува Форбс Украина.   Буџетските приходи на Русија во текот на 2021 година изнесуваа 340 милијарди долари, што значи дека Руската Федерација за воени операции веќе потрошила четвртина од минатогодишните приходи, пишува „Гардијан“.   […]

Зеленски ја повика Европа да го одржи единството и да ја ограничи цената на руската нафта


Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска ја повика Европа да го одржи единството против војната во Русија и значително да ја ограничи цената на руската нафта. „Нема поделба, нема раскол меѓу Европејците и тоа мора да го зачуваме. Тоа е нашата мисија број еден оваа година“, рече Зеленски во обраќањето преку видео-врска пред учесниците на конференција […]

Пукање меѓу мигранти кај Хоргош – приведени над 100 лица


 Полицијата и жандармеријата во Полициската управа на Кикинда приведоа повеќе лица за кои се сомничи дека имаат поврзаност со ноќешната вооружена престрелка во Хоргош, но и со нелегалниот шверц на мигранти, а оваа акција ќе продолжи и во наредниот период, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Како што јави допиисникот на МИА од Белград, припадниците […]

Приватните превозници протестираа пред ЈСП, бараа средба со директорот на претпријатието


 Приватните превозници денеска протестираа пред седиштето на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во Автокоманда, каде побараа средба со директорот. Тие од директорот на ЈСП бараат објаснување за неисплатениот долг кој, како што велат, заклучно со ноември ќе изнесува околу два милиони евра. Се очекува во текот на денот да остварат средба и со сите советнички групи […]

Тренчевска: Соработка со УНФПА во подготовката на новата државна Стратегија за демографски политики


Подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Северна Македонија, беше главна тема на денешната средба на министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска со регионалниот советник за економија и демографија од Канцеларијата на Фондот за население на ОН (УНФПА) во Истанбул и тимот за население и развој во Њујорк, Мајкл Херман, со шефицата […]

Од недела заладување со врнежи од дожд и снег


Од недела под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со опаѓање на температурата на воздухот. Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, ќе има повремени врнежи, кои заради заладувањето во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе бидат пообилни и ќе преминуваат во снег на повисоките и […]

ДЗР со неповолно мислење вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на МТСП


Државниот завод за ревизија во денеска објавениот конечен ревизорски извештај кој се однесува на Министерството за труд и социјална политика изразува „неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи“ и „мислење со резерва за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година“. Цел на ревизијата на финансиските извештаи и […]

Иран распоредува специјални воени сили на границата со Ирак


Иран ќе распореди специјални сили и оклопни единици долж границата со Ирак, изјави денеска бригадниот генерал на Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамад Пакпур. Тој истакна дека зајакнувањето на границата е со „цел да се спречат упади на терористи“. ИРГЦ изминатите недели презеде серија напади врз курдски цели во северниот дел на Ирак. Официјален […]

Што пишува во договорот за кој Вучиќ „се бори и се тепа со раце и со нозе“?


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера образложувајќи го договорот постигнат во Брисел за возилата со српски регистарски таблички во Косово, рече дека се разговарало за Договорот за слобода на движење од 2011 година, кој го потпиша Борко Стефановиќ, тогашен белградски преговарач со Приштина од владејачката ДС, сега заменик-претседател на опозициската ССП. „Се тапам и […]

Фернандеш: Ја гледаме најдобрата верзија на Кристијано кога тој е критикуван


Португалскиот играч за врска Бруно Фернандеш го истакна одговорот на Кристијано Роналдо кој периодов е изложен на критики поради слабите игри во неговиот доскорешен клуб Манчестер јунајтед. – Мислам дека тој ужива да работи во средина каде што сите го критикуваат, затоа ве молам сите: продолжете. Го гледаме најдобро кога го критикувате. Да се ​​игра […]

Македонија и Бугарија ќе ја унапредуваат соработката во земјоделството


Зајакнување на меѓусебната размена на земјоделско-прехранбени производи на пазарите во Северна Македонија и Бугарија, особено во услови на светска криза, со цел обезбедување доволни количини на храна за граѓаните во двете држави, беше главна тема на разговор на денешната работна средба во Скопје на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски со неговиот бугарски […]

Хрватите ја имаат најубавата навивачка на Мундијалот во Катар


ОАЕ– Хрватска на Мундијалот во Катар ја има најзгодната навивачка, Ивана Кнол.   Таа навиваше за Хрватска и на Мундијалот во Русија 2018, каде беше интернет сензација, а подоцна беше видена и на стадионите во Бразил во 2014 година.   Ивана Кнол присуствуваше на дебито на Хрватска во Катар, во ремито 0-0 против Мароко на […]

Алжир: За групно убиство 49 лица осудени на смрт


  Алжирски суд осуди 49 лица на смрт за бруталното групно убиство на сликар кој беше осомничен за подметнување разорни шумски пожари – но всушност дојде да помогне во борбата со нив, според адвокатите на одбраната и државната новинска агенција. Убиството во 2021 година во регионот Кабиле во североисточен Алжир ја шокираше земјата откако графички […]

Нови акции на Спорт лајф: „втора шанса за подарок и „лајв експерт“!


Започнаа две нови акции на Sport Life кои ќе го зачинат и загреат наредниот период со подароци и добивки, екслузивно за членовите на СЛ клубот.  „ВТОРА ШАНСА ЗА ПОДАРОК“ е за недобитните тикети со еден промашен натпревар. Тие ќе се рангираат според висината на погодениот коефициент. За најдобрите тикети се обезбедени – мобилен телефон „Apple […]

Српската естрада ја бодреше Србија на трибините во Катар


ОАЕ- Анастасија Ражнатовиќ од трибините навиваше за нејзиниот дечко Немања Гудељ, а меѓу познатите Срби на трибините беа и Жељко и Јована Јоксимовиќ, но и поранешниот на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, а Софија Милошевиќ, пак, беше заедно со бразилскиот модел Адријана Лима на натпреварот помеѓу Србија и Бразил. Голем дел од српската естрада синоќа се […]

Нова рекордна недела за БРАКО – 17 испорачани возила во европски земји


Рекордни 17 возила за одржување на хигиена во урбани средини, неделава излегоа од погоните на БРАКО и се испорачани кон метрополите во 5 европски земји. Инжинерите и техничарите  во БРАКО навремено и прецизно ги завршија нарачките за вкупно 11 возила во Велика Британија, 3 возила во соседна Грција и по едно возило во Холандија, Германија и […]

Итна ревизија на новите тарифници на Агенцијата за катастар или клуч на врата на геодетските компании


Комората на трговски друштва за геодетски работи остро реагира на едностраното зголемување на надоместоците со новите тарифници кои ги воведе Агенцијата за катастар на недвижности (АКН), без никакви консултација, а со кои се врши зголемување на цената на добивањето на одредени податоци и до 500 отсто, што е на товар на геодетските друштва, нотарите, адвокати и сите […]

„ТехноАлпин“ од Јужен Тирол, ќе ја направи Попова Шапка реномиран ски-центар


Инвестицијата за ски-центарот Попова Шапка, доби зелено светло на владина седница. – Станува збор за голем инвестициски проект што е резултат на нашите напори да ги заштитиме природните вредности на начин со кој покрај максимална заштита ќе обезбедиме услови за социо-економски развој и можност нашите природни убавини да бидат атрактивни, европски и да привлекуваат туристи […]

Од Дада до малиот Принц- МКЦ доби поштенска марка по повод 50 годишниот јубилеј


По повод 50 годишниот јубилеј, ЈУ Младински културен центар доби поштенска марка “50 години МКЦ” издадена од АД Пошта, како дел од Годишната програма за издавање на поштенски марки на националната Пошта. Оваа чест за МКЦ доаѓа токму во нејзиното најзначајно постоење, со одбележувањето на половина век од основањето на институцијата. Поштенската марка, која излезе […]