Средба на министрите за земјоделство на Македонија и Бугарија


На покана на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Скопје ќе престојува бугарскиот министер за земјоделство Јавор Гечев.

Според најавите на средбата на Николовски и Гечев ќе стане збор за конкретните чекори за спроведување на Меморандумот за разбирање, што двете министерства го потпишаа во јануари годинава.

Денеска во Скопје ќе престојува и бугарскиот министер за култура Велислав Минеков, кој, како што е најавено, ќе присуствува на свеченото отворање на новите простории на Културно-информативниот центар на Бугарија.

Во рамки на напорите за зајакнување на меѓусебната соработка неделава во Скопје престојуваше и бугарската министерка за животна средина и води Росица Карамфилова, која имаше средба со министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, со кога разговараше за повеќе теми поврзани со координација на активностите во делот на животната средина, со посебен акцент на споделување на искуства и експертиза во транспонирање и примена на европското законодавство во областа на екологијата, особено во преговарачкиот претприемен процес на земјава со ЕУ, поконкретно во преговорите од Поглавјето 27 – Животна средина и клима.