Земјотрес со јачина од 4,7 степени го погоди грчкиот остров Евија


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава нешто по 6.30 часот по локално време го погоди грчкиот остров Евија, а беше почувствуван и во Атика, пренесува Катимерини. После тоа, речиси еден час подоцна, следеа два нови земјотреси, во истото подрачје, со јачина од 4,1 и 4,2 степени според Рихтеровата скала, пишува грчкиот […]

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец ноември. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година […]

Макрон патува за Вашингтон, со Бајден ќе разговараат за Украина и трговските односи


Францускиот претседател, Емануел Макрон, заминува за САД во прва државна посета организирана од американскиот претседател Џо Бајден од почетокот на неговото претседателствување, со што Вашингтон ја обновува практиката на одржување политички состаноци на високо ниво прекинати поради коронавирусот. Односите меѓу Бајден и Макрон ги одбележа бурен почеток, кога Макрон накратко го отповика францускиот амбасадор во […]

„Баленсијага“ се извини за скандалозната кампања


САД– Светски познатиот моден бренд „Баленсијага“ ја објасни причината за лансирањето на скандалозната кампања со слики на деца кои позираат со играчки за возрасни и алкохол. Тие објавија и соопштение во коешто се извинуваат за рекламата што сега е повлечена и отстранета. „Остро го осудуваме насилството врз децата, никогаш не ни беше намера да ги вклучиме […]

СП 2022: Белгијците одржаа состанок поради лошата атмосфера во репрезентацијата


ОАЕ– Репрезентацијата на Белгија одржа „кризен состанок“ за да ги реши конфликтите меѓу играчите. Според „L’Equipe“, во последно време атмосферата во националниот тим не е баш најдобра, а некои играчи одбиваат да комуницираат меѓу себе. Де Брујн не разговара со Тибо Куртоа, Еден Азар не разговара со Леандро Тросард. Не многу добри односи се развија меѓу […]

Кинотеката во декември нуди богата понуда на европски класици и домашни филмски остварувања


Декември е последниот месец во годината, месецот пред новогодишните и божиќните празници, месец кога се трошат најмногу пари за убави нешта, се прават ретроспективи на сите активности и случувања од целата година. Овој декември Кинотеката ќе понуди програма која, посочуваат, со сигурност ќе ве натера да излете од дома и да ја посетите нашата кино сала, бидејќи […]

Османи во Букурешт на состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО


Од Минхенската лидерска средба, шефот на дипломатијата, Бујар Османи, денеска и утре ќе учествува на НАТО состанокот на Северно-атлантскиот совет, на ниво на министри за надворешни работи, во Букурешт, Романија. Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите на НАТО – министерскиот состанок ќе бидат актуелните безбедносни состојби, ситуацијата во Украина и политичката и практична […]

Унгарија поради поскапувањето зимава затвора стадиони, библиотеки, театри, базени


Унгарија – Драстичниот пораст на цените на енергијата ја принуди Унгарија да ги затвори библиотеките, театрите, базените и нејзините нови стадиони во текот на зимата. Новите стадиони, кои се сметаат за симболи на моќта на десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е на власт 12 години, се последните во долгата листа на објекти кои повеќе не можат да се […]

29 ноември во историјата – ОН гласаа за поделба на Палестина


  И покрај силното арапско противење, Обединетите нации на 29 ноември 1947 гласаа за поделба на Палестина и создавање независна еврејска држава. Современиот конфликт меѓу Евреите и Арапите во Палестина датира од 1910-тите, кога и двете групи полагаа право на територијата под британска контрола. Евреите беа ционисти, неодамнешни емигранти од Европа и Русија кои дојдоа […]

Петровска на министерски состанок на САД – Јадранската повелба во Црна Гора


Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска во Будва ќе учествува на министерскиот состанок на САД – Јадранската повелба, заедно со министри и шефови на делегации од земјите членки на иницијативата – Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, како и делегации од земјите набљудувачи Косово, Словенија и Србија.  Состанокот […]

Состојба на патиштата


ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2022 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2023 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Поради појава на густа магла на […]

Штајнмаер во дводневна посета на Северна Македонија


Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре ќе биде домаќин на претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмаер, кој ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Штајнмаер на официјална церемонија ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести, по што ќе следува тет-а-тет средба на двајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Германија. Во […]

Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини поевтинување на производите за над 10 отсто


Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата […]

Владите на ЕУ не постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта


Белгија– Владите на Европската унија вчера не успеаја да се договорат за ограничување на цената на руската сирова нафта, бидејќи Полска инсистираше на границата да биде пониска од онаа што ја предложија земјите од Групата Г7, и на тој начин да се намали способноста на Москва да ја финансира војната врз Украина. „Нема договор. Текстот на […]

Руска депресија: Навиваат за Англија во Катар, па го напаѓаат Лондон поради Украина


  Повеќето Руси го следат Светското првенство во Катар. Згора на тоа, Мeч ТВ, каналот што во Русија го пренесува Светското првенство, веќе по првите натпревари урива рекорди на гледаност. „Бројките на гледаност ги надминаа сите очекувања, изјави за Би-Би-Си коментаторот на телевизијата Меч, Георги Черданцев. Тој вели дека Русите традиционално сакаат да ги гледаат […]

Во Букурешт почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО


Романија– Во главниот град на Романија денеска почнува дводневен состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, чиј фокус ќе биде на зајакнување на поддршката за Украина во нејзината борба против руската инвазија. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека учесниците на состанокот во Букурешт ќе посветат најголемо внимание на „илегалната војна […]

Променливо облачно со слаб северен ветер


Утрото студено, преку денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од минус пет до два степени, а максималната ќе достигне од четири до 10 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до минус три, […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 29 ноември 2022 година, 333-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 32 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 40 минути, а ќе зајде во 16 часот и 4 минути. Денов трае 9 часа 24 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина, ќе изгрее 11 […]

Ковачевски: Мицкоски секое утро проверува што кажал Апасиев


Премиерот Димитар Ковачевски на трибина во велес го нарече лидерот на Левица Димитар Апасиев „агент на хаосот“ кој верува дека, колку  е полошо за земјата – толку е подобро за него. -Неговата цел е да запали оган и да уништи се што е создавано, ете каде многу луѓе грешат, и тука е токму опасноста. Економската […]

Цело раководство на Јувентус поднесе оставка поради аферата со Роналдо и платите на играчите


  Огромни потреси во еден од најтрофејните европски клубови. Комплетното раководство на Јувентус, сите негови водечки луѓе, денеска поднесоа оставки, напуштајќи ги своите функции, пренесува италијанската „Газета дело спорт“. Претседателот Андреа Ањели, неговиот заменик Павел Недвед и извршниот директор Маурицио Аривабане заминуваат од клубот, а со нив Јуве го напуштаат и низа директори и пониски […]