Берзанските индекси на Волстрит паднаа трет ден по ред


  На Волстрит, берзанските индекси во четвртокот паднаа трет ден по ред, бидејќи инвеститорите се приспособија на проценките дека периодот на повисока инфлација и каматни стапки може да трае подолго од очекуваното, додека економскиот раст значително ќе забави. Dow Jones загуби 0,35 отсто, на 30.076 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,84 отсто, на […]

Фиона викендов се очекува да удри на брегот на Канада


Ураганот Фиона е на пат кон Канада, откако повеќе денови се задржа над Карибите, а вчера помина покрај Бермудските острови како бура од трета категорија, јави Си-ен-ен. Ураганот се очекува да удри на брегот на Канада во сабота наутро. -Ова може да биде канадска верзија на ураганот Сенди, бидејќи носи комбинација од карактеристики на ураган и зимска бура, изјави канадскиот метеоролог Крис Фогарти. Ураганот […]

Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за припојување кон Русија


Во окупираните делови на Украина почнаа референдуми за присоединување кон Русија, пренесува АФП. Набрзина организираните референдуми во окупираните делови на Украина ќе траат четири дена. Прашањата на гласачкото ливче малку се разликуваат по регион. Во Доњецката Народна Република, прашањето, кое се поставува само на руски, ќе гласи: „Дали сте за приклучување на ДНР кон Руската […]

Иранскиот претседател вети истрага по смртта на Амини


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека смртта на девојката која почина откако беше приведена од полицијата, што предизвика протести во Иран, ќе биде истражена. – Бидете уверени дека истрага сигурно ќе биде отворена, им рече Раиси на новинарите на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк, наведувајќи дека извештајот од обдукцијата не утврдил злоупотреба […]

Црна Гора: Старото парламентарно мнозинство потпиша иницијатива за разрешување на Ѓукановиќ


Мнозинството пратеници во црногорскиот парламент – 41, потпишаа предлог за поведување постапка за утврдување дали претседателот на Црна Гора го прекршил Уставот и го доставија до Собранието. Предлогот го потпишаа пратениците на Демократскиот фронт, Демократска Црна Гора, Обединета и Вистинска Црна Гора, Граѓанското движење УРА, Социјалистичката народна партија (СНП), Движењето за промени (ПзП) и ЦИВИС. […]

„Создаваме град, градиме иднина!“ – едукативен проект за новиот ГУП на Скопје


  Меѓународното здружение на граѓани „Културно ехо – Скопје“ вечер од 20 часот во  Домот на култура во Ѓорче Петров ќе организира  културно-едукативен настан за проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  кој се однесува на новиот Генералeн урбанистички план (ГУП) за Скопје за периодот од 2023 до 2032 година. -Се работи за најважниот документ за планирањето на […]

„Чувства и движење“ – изложба на Владимир Илиевски


  Во Галеријата „Ко-Ра“ вечерва ќе биде отворена изложбата „Чувства и движење“ на ликовниот уметник Владимир Илиевски. На изложбата ќе бидат претставени досега неизложени слики, цртежи со јаглен настанати во изминатите неколку години. Владимир Илиевски е роден во 1989 година во Скопје. Во 2012 година дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје на Катедрата за сликарство. […]

„Ретро: телесни ретроспективи“ – изложба на Јана Јакимовска


  Во Музејот на современата уметност во Скопје вечерва ќе биде отворена изложбата „Ретро: телесни ретроспективи“ на уметницата Јана Јакимовска. Изложбата е со мултимедијален карактер и опфаќа дела од повеќе рецентни периоди од нејзиното творештво. Ова е 21-а самостојна изложба на Јакимовска и ќе биде отворена до 5 октомври. „Ретро: телесни ретроспективи“ е поглед фрлен […]

Во Охрид почнува 21. Годишна берзанска конференција


  Во Охрид денеска ќе се одржи 21. Годишна берзанска конференција на која се очекува да присуствуваат домашни и меѓународни експерти, претставници од бизнис секторот, банки, брокерски куќи и акционерски друштва. Македонска берза веќе две децении години организира годишни конференции коишто претставуваат настан со препознатлив имиџ, како во однос на актуелноста на темите кои се […]

Седница на собраниската Комисија за транспорт и врски


  Во Собранието за денеска е закажана седница на Комисијата за транспорт и врски, на која единствена точка на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за поштенски услуги, по скратена постапка. Целта на Предлог на законот е да се обезбеди период за усогласување на работењето на Македонски пошти на Република […]

Почна есента


Есента во земјава и на северната хемисфера почна денеска во 3:03 часот. Во исто време на јужната полутопка на Земјата настапи пролетта. Првиот есенски ден е 266-от ден, во 38. седмица од годината, и ќе трае 12 часа и 7 минути. Сонцето изгреa во 6 часот и 23 минути, а ќе зајде во 18 часот […]

Раст на бројот навивачки инциденти во Англија и Велс


  Бројот на пријавени инциденти на фудбалските натпревари во Англија и Велс пораснал за 60 отсто во однос на сезоната пред пандемијата на коронавирусот, објавија британските власти. Податоците на Министерството за внатрешни работи во Лондон покажуваат дека инциденти се пријавени на 1.609 од 3.019 натпревари одиграни минатата година во Англија и Велс. Апсењата поврзани со […]

Променливо облачно со локален слаб дожд, викендов пораст на температурата


  Времето утрово е студено, а во текот на денот ќе биде променливо облачно со локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10, а максималната од 14 до 22 степени. Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб […]

Сергеј Лавров кажа што кажа и го напушти Советот за безбедност


  ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ – Соединетите Американски Држави ги повикаа другите земји да ѝ кажат на Русија да престане со нуклеарните закани и да стави крај на „ужасот“ од нејзината војна во Украина додека највисоките дипломати на сите три земји зборуваа – но не се сретнаа баш – на состанокот на Советот за безбедност на ОН […]

Ер Србија: Ова е вистината за билетите на релација Белград-Москва


  Ер Србија соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска во некои српски медиуми, но и на социјалните мрежи се објавени шпекулации и невистинити тврдења за цените на билетите на Ер Србија меѓу Белград и дестинации во Руската Федерација. Без да навлегуваме во причините зошто одредени медиуми и лица би сакале да шират […]

За субвенционирана цена на регулираниот пазар на струја исплатени 240 милиони евра


  Владата досега за субвенционираната цена на струја на регулираниот пазар исплати 240 милиони евра. Сите домашни капацитети се ставени во фунцкија за поголемо производство. Владата е посветена на обезбедување доволно енергенси за претстојната зима, истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ Телма. Според него, Владата со соседните земји постигнува договори за гарантиран […]

Две лица со повреди од остар предмет примени во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје


  Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата. Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на […]

Путин втеран во ќош е поопасен од кога било, анализа на „Њујорк тајмс“


  Заканувачкото телевизиско обраќање на Владимир Путин во средата беше многу повеќе од обид да го промени курсот на неговата непоколеблива војна против Украина. Се обиде да ја преврти војната за агресија против соседот во одбрана на загрозената „татковина“, тема што одекнува кај Русите натопени во патриотската историја. Путин, рускиот претседател, имаше за цел да […]

Орбан сака санкциите за Русија да се укинат до крајот на годината


  Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака санкциите на ЕУ кон Русија да бидат укинати до крајот на годината, објави во четвртокот провладиниот дневен весник „Маѓар немзет“. Орбан, кој бараше блиски врски со рускиот претседател Владимир Путин во последниве години, често ги оспоруваше санкциите што беа воведени кон Русија поради нејзината инвазија на Украина. Според Орбан, […]

Македонија има интерес за поголемо учество во мировните опперации на ОН


  Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на која изрази благодарност за ангажманот на ОН во Македонија и нагласи дека соработката ќе продолжи со зголемен интензитет, особено во имплементирањето на новите стратешки цели за одржлив развој за периодот 2021-2025 година. Како што информира владината прес-служба, на средбата на маргините […]