Две лица со повреди од остар предмет примени во Градската болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје


 

Во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје вечерва во 20 часот се примени две лица со повреди од остар предмет во пределот на шаката. Едно лице е препратено на Скопските клиники, а едно е пуштено на домашно лекување, информираа за МИА од болницата.

Дел од медиумите претходно објавија дека во автобус на ЈСП број 51 во Скопје се случила тепачка меѓу малолетници, но од Министерството за внатрешни работи се уште нема информација за инцидентот