Само за камати за стари долгови плаќаме 1,3 отсто од БДП


Македонија само за камати во однос на претходно земени кредити годинава ќе плати над 152 милиони евра кон доверителите. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, обраќајчи се на 21. Годишна конференција на Македонската берза, што денес се одржува во Охрид, рече дека во моментов 1,3 процентни поени од БДП како економија плаќаме камати во однос на […]

Кинезот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот е пронајден жив


Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, објавија локалните медиуми, пренесува АП. Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември. Тој по 17 дена бил пронајден […]

Берлускони: Путин ја нападна Украина за постави „пристојни луѓе“ во Киев


  Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони предизвика бурни реакции со изјава за Владимир Путин непосредно пред општите избори во Италија во недела, пренесе ДПА. Берлускони (85) синоќа во ТВ интервју тврдеше дека лидерот на Кремљ бил притиснат да ја нападне Украина. – Путин беше притиснат од рускиот народ, од партијата, од неговите министри да ја […]

„Светот на Биби“ во новата градинка во Аеродром


Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”. Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар […]

Синдикатот на УКИМ најавува медијација пред штрајк ако Владата не ги повика на средба за нивните барања


 Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, вели дека минатиот месец им е најавена средба со премиерот, но сѐ уште […]

Кадиров одби мобилизација во Чеченија: Веќе дадовме доволно војници


Лидерот на Чеченија Рамзан Кадиров, кој се смета за близок сојузник на Путин, изјави дека нема да има мобилизација во Чеченија. Тој во гостување во телевизиско шоу рече дека Чеченија „веќе го надминала планот за 254 проценти“. – Тој план во Чеченската Република беше преполнет за 254 отсто. Таквите показатели беа постигнати порано со формирањето на нови […]

ОБСЕ Тројката Османи-Рау-Линде во Њујорк: Русија да ја прекине агресијата и ги повлече силите од Украина


Министрите за надворешни работи на Северна Македонија, Полска и Шведска, Бујар Османи, Збигњев Рау и Ан Линде, на маргините на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации, одржаа состанок како дел од Тројката претседавачи со ОБСЕ. На средбата учествуваше и генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид. Како што соопшти МНР, соговорниците разменија мислења за улогата на […]

Дуда: Можната употреба на нуклеарно оружје е очајнички и луд потег


 Полскиот претседател Анджеј Дуда во интервју за полската државна телевизија ТВП изјави дека никој во ОН „не бледнее од страв“ поради заканите кои доаѓаат од Русија, вклучително и за нуклеарно оружје. – Рускиот лидер на некој начин направи грешка кога сугерираше нуклеарна закана бидејќи реакцијата е спротивна. Земјите кои беа внимателни во проценките за Русија […]

Расправија околу место за седење причина за синоќешната физичка пресметка во автобус на ЈСП


  Расправија поради место за седење е причина за синоќешната физичка пресметка помеѓу двајца малолетници во автобус на ЈСП во Кисела Вода. Како што информираат од МВР за МИА, синоќа околу 19:33 часот во СВР Скопје е пријавено дека полициски службеник задржал две лица кои кај Стара Рампа, бидејќи го нарушиле јавниот ред и мир […]

Иранскиот претседател го напушти интервјуто за Си-ен-ен, откако Аманпур одби да стави шамија на главата


Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долго планираното интервју со ѕвездата на Си-ен-ен Кристијан Аманпур на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во средата, откако таа го одби барањето да носи шамија. Околу 40 минути пред интервјуто да започне, додека ги чекале претседателот, неговиот помошник и пренел на Аманпур дека претседателот „предложил“ таа […]

Шпанија се соочува со сериозен недостиг од педијатри


Речиси 600.000 деца и адолесценти во Шпанија немаат педијатар или друг лекар кој ќе се грижи за нив, покажуваат податоците на Шпанското здружение на педијатри од примарната здравствена заштита. Главниот град Мадрид и областа Навара се заедниците со најголем недостиг од овие професионалци. Потоа следат Андалузија и Каталонија. Се проценува дека за пополнување на ваквите […]

Во централна Кина црвен аларм поради недостиг на вода


Во централната кинеска провинција Џиангси за првпат е прогласен „црвен аларм“ поради недостиг на вода, бидејќи нивото на водата во најголемото кинеско езеро Појанг падна на рекордно ниско ниво. Појанг е витален извор на вода за најголемата кинеска река Јангце, а поради сушата во последните три месеци нивото од 19,43 метри падна на само 7,10 […]

„Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“ – протокол на Здружението „Градиме иднина“


Здружението „Градиме иднина“ – Скопје ќе достави  Протокол до Владата за проектот „Стоп против питачење и злоупотреба на децата и нивното здравје“. Протоколот , како што наведуваат, откако ќе се достави до Владата треба на владина седница да се прифати и усвои и да се достави со владина одлука до сите државни институции и образовни установи […]

Мобилизацијата на Путин може да биде крај на неговиот режим


Ослободувањето од страна на украинските трупи на  регионот Харков, претходно окупиран од Русија, создаде толку сериозна закана за целиот руски фронт што Путин мораше итно да објави мобилизација. Причината за растечките воени проблеми на Путин е позната: нема доволно војници, само „топовско месо“. Ако итно не ја засили својата војска со десетици илјади регрути, фронтот […]

Британски разузнавачи: Украинците ја пробија руската одбрана на реката Оскил


Британското министерство за одбрана ојави нов извештај за војната во Украина. „Во последните три дена украинските сили ги обезбедија мостобраните на источниот брег на реката Оскил во областа Харкив. Русија се обиде од реката Оскил да направи консолидирана линија на одбрана откако нејзините сили се повлекоа од регионот порано месецов“, пишуваат Британците. „Малку појужно во […]

Финска: Сообраќајот на границата со Русија е зголемен


Сообраќајот во Финска, на нејзината југоисточна граница со Русија продолжува да биде зголемен, изјавија граничарите  за „Ројтерс“ во петокот, додавајќи дека бројот на руски државјани што влегле во земјата е повеќе од двојно зголемен во четвртокот во споредба со претходната недела. Финска размислува да им забрани на повеќето Руси да влезат во земјата откако се […]

„Македонисимо“ на Трпчески и пријателите со бесплатни концерти во Штип и Битола


Нашиот светски афирмиран пијанист Симон Трпчески ја продолжува мини-серијата концерти со македонската премиера на интернационалниот музички проект „Македонисимо“ со настапи во уште два града во земјава. По спектаклите во струшкото село Збажди и пред Националната опера и балет во Скопје, в недела на 25 септември на Градскиот плоштад „Слобода“ во Штип и в понеделник на […]

Турската лира потона на рекордно ниско ниво по намалувањето на каматните стапки


Откако централната банка неочекувано ги намали каматните стапки уште еднаш, овој пат за 100 базични поени, турската лира вчера падна на ново рекордно ниско ниво, пренесува СЕЕбиз. Додека на други места во светот централните банки брзаат да ги зголемат каматните стапки за да се справат со зголемената инфлација, централната банка на Турција ја намали својата […]

Данска ќе го забрани производството на јајца од фарма до 2035 година


  Министерството за храна, земјоделство и рибарство на Данска соопшти дека ќе ги забрани новите фарми за јајца од следната година. Целосната забрана за ваво производство на јајца ќе стапи на сила по 12-годишен преоден период, односно до 2035 година, за „да се обезбеди правилна конверзија на производството“, соопшти министерството. „Сакавме постепено да ги укинеме […]

Банката на Англија ја зголеми каматната стапка


  Банката на Англија вчера ја зголеми референтната каматна стапка од 1,75 на 2,25 отсто и најави дека ќе продолжи силно да реагира на инфлацијата доколку е потребно, иако економијата влегува во рецесија. Ова е седми пат по ред Банката на Англија да ги зголеми трошоците за позајмување во време кога растот на цените на […]