Британски разузнавачи: Украинците ја пробија руската одбрана на реката Оскил


Британското министерство за одбрана ојави нов извештај за војната во Украина.

„Во последните три дена украинските сили ги обезбедија мостобраните на источниот брег на реката Оскил во областа Харкив. Русија се обиде од реката Оскил да направи консолидирана линија на одбрана откако нејзините сили се повлекоа од регионот порано месецов“, пишуваат Британците.

„Малку појужно во регионот Доњецк, се водат борби додека украинските сили го напаѓаат градот Лиман, кој Русија го освои мај.

Ситуацијата на бојното поле и понатаму останува комплексна, но украинските сили врѓат силен притисок на окупираните територии“, објавија Британите во денешниот извештај.