Ер Србија: Ова е вистината за билетите на релација Белград-Москва


 

Ер Србија соопшти дека во текот на вчерашниот ден и денеска во некои српски медиуми, но и на социјалните мрежи се објавени шпекулации и невистинити тврдења за цените на билетите на Ер Србија меѓу Белград и дестинации во Руската Федерација.

Без да навлегуваме во причините зошто одредени медиуми и лица би сакале да шират невистини за наводно високи цени на билетите, за да им дадат вистинити информации на граѓаните, би сакале да презентираме прецизни информации во врска со тоа, соопшти компанијата.

Од таму појаснуваат дека поради екстремно високата побарувачка од март оваа година, билетите за летовите на Ер Србија меѓу Белград и дестинации во Руската Федерација може да се купат само неколку дена, па дури и недели однапред. Билетите за сите летови во септември се распродадени веќе подолго време. Кога станува збор за октомври, се уште има многу малку билети достапни во првата половина од месецот.

Во моментов најниската достапна цена за авионски билет во еден правец во економска класа меѓу Москва и Белград почнува од 397 евра. Најскапиот достапен билет во еден правец во економска класа меѓу Москва и Белград чини 567 евра. Кога станува збор за повратни билети од Москва до Белград во економска класа, најниската достапна цена започнува од 816 евра, а највисоката можна е 1.156 евра. Сите цени се прикажани вкупно, т.е. вклучувајќи ги сите поврзани давачки.