„Создаваме град, градиме иднина!“ – едукативен проект за новиот ГУП на Скопје


 

Меѓународното здружение на граѓани „Културно ехо – Скопје“ вечер од 20 часот во  Домот на култура во Ѓорче Петров ќе организира  културно-едукативен настан за проектот „Создаваме град, градиме иднина!“  кој се однесува на новиот Генералeн урбанистички план (ГУП) за Скопје за периодот од 2023 до 2032 година.

-Се работи за најважниот документ за планирањето на иднината на градот и затоа целта на проектот е да ја зголеми транспарентноста и партиципативноста во процесот на урбанистичкото планирање на градот, преку серија јавни настани од мултимедијален карактер. Нивната основна цел е да поттикнат критичко размислување и да иницираат вклучување на локалната заедница во процесот на планирањето на просторот, соопшти организаторот.

Настанот опфаќа проекција на интерактивен документарен филм  за повеќе локации од важечкиот ГУП (од 2012 до 2022 година), работилница на тема: „Што претставува ГУП и зашто е важен? Инволвирање на граѓаните и интеракција за нови идеи и предлози во насока на планирањето на градот“ и дискусија на тема „Нов ГУП, нова можност за Скопје?“.